ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бектеши: Анализите од мазутот во вторник, стартуваат вонредни инспикциски надзори и на течните горива

May 30, 2021 16:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Инспекциските контроли околу увозот на опасен мазут се речиси завршени и резултатите ќе бидат објавени во вторник, а од денеска Државниот пазарен инспекторат, кој е орган во рамки на Министерството за економија, започнува со засилени вонредни контроли и на течните деривати со користење на мобилната лабораторија и тоа при влезот во државата и во внатрешниот пазар, односно малопродажбата, изјави денеска на прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

-Заедно со Пазарниот инспекторат во наредниот период ќе започнеме со засилени контроли на терен за квалитет на сите видови нафтени деривати во државната мобилна лабораторија. Одлучни сме преку засилени контроли да избегнеме можни манипулации со квалитетот на горивата кои што се користат во нашата земја. На тој начин не само што ќе се заштитат потрошувачите од манупиулации со квалитет на горивата, туку ќе се заштити и животната средина. Како што најавивме, во моментот заедно со вицепремиерот Николовски ги собираме сите информации за дистрибуција на сомнителен мазут. Крајниот рок кој им го дадовме на институциите е следниот вторник кога очекуваме дека ќе ги имаме сите информации за евентуалните злоупотреби на увоз на опасен мазут во нашата земја. Доколку не се реализирани сите процедури согласно правилникот за квалитет на течни горива и процедурите за увоз на нафтени деривати, документите ќе им ги предадеме на Јавното обвинителкство, рече Бектеши.

Тој нагласи дека сите институции почнувајќи од Царинската управа, ДПИ, МЕ, Инспекторатот за животна средина имаат обврска во роковите предвидени да ги достават сите информации до Владата. Во Министерството за економија, пак, нагласи согласно новиот Закон за енергетика, нашиот правилник за квалитет на горивата е целосно усогласен со директивите на ЕУ. Тоа е потврдено и од енергетската заедница, каде што освен квалитет на сулфурот, како карактеристика треба да се анализираат и други параметри согласно македонскиот стандард (МКС Х430).

-Сакам да ги информирам граѓаните и да ги повикам сите инстутуции дека Владата, МЕ и сите институции нема да имаат компормис кога е во прашање здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина во нашата држава, рече Бектеши.

На заедничката прес – конференција се обрати и в.д. директорот на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска, која нагласи дека заради потребата од согледување на состојбите поврзани со квалитетот на горивата за транспорт кои се пласираат на пазарот Инспекторатот во соработка со Бирото за метрологија, преку користење на Мобилната лабораторија започна со вршење на вонредни иснспекциски надзори на бензиските станици каде се врши промет на мало со моторен бензин и дизел гориво. Денеска до овој момент веќе се извршени три инспекциски надзори кои продолжуваат.

-Денешните надзори се само почеток на вонредни инспекциски надзори и ќе бидат дел од приоритетите на нашата работа во наредниот период и ќе бидат спроведени на територијата на целата држава. Вршењето на инспекциските надзори од страна на инспекторите се во насока на контрола на квалитетот на горивата односно моторниот бензин и дизел горивото за што Мобилната лабораторија е акредитирана. Анализите се однесуваат на својствата на горивата пропишани со правилникот. Во план е овие контроли со мобилната лабораторија и во соработка со ЦУ да се вршат на влез на горивата во нашата држава, односно на нашата граница со цел да спречиме влез на несоодветен квалитет на горива во внатрешниот пазар, рече Симеска Димоска.

Таа порача дека ДПИ заедно со инспекторите и таа како в.д. директор на ДПИ максимално ќе бидат посветени во работата дека со сигурност ќе можат да сметаат дека квалитетот на горивата ќе биде безбеден. ДПИ, нагласи, во контиунуите ќе продолжи да ги врши надзорите и во сите области за кои е надлежен.

На новинарско прашање Бектеши посочи дека во делот на мазутот се утврдени сите анализи и се подготвуваат сите решенија, но дека треба да се има предвид дека мазутот се контролира во други акредитирани лаборатории.

-Тие контроли (во делот на мазутот) се завршени од ДПИ, веќе се вратени неколку цистерни. Не би сакал да навлегувам во имиња на компании на кои се вратени. И во внатрешноста на нашата држава се констатирани нерегуларности и е постапено од ДПИ. Јас веќе наведов дека до вторник сите инститиуции имаат надлежност да достават информација до Владата и согласно тие информации ќе се постапи и да почекаме до вторник, рече Бектеши.

Повтори дека за сите нерегуларности и за имињата на компаниите ќе соопштат во вторник, но нагласи дека тоа се бензински пумпи и увозници кои го покриваат најголемиот дел од пазарот со нафтени деривати.

извор: МИА

Next Post

Заев и министерот Спасовски во Лазарополе на завршната вежба на кандидатите за прием во Специјалните единици на МВР

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk