ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Откриена спомен плоча во „Одајата на вечноста“ во спомен на планинарот Сашо Божиноски

May 30, 2021 18:15
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Неполна година од смртта на претседателот на Планинарско-спелеолошкото друштво „Бистра“ од Кичево, Сашо Божиноски, беше организиран првиот меморијален марш од Кичево до месноста „Кадроец“, во близина на манастирските ливади во село Кнежино.

Меморијалниот марш беше одбележан и со откривање спомен плоча во чест на прерано починатиот Божиноски. Спомен плочата во месноста „Одаја“ ја открија неговиот син Стефан Божиноски и членот на планинарското друштво и негов личен пријател, Кочо Кочоски.

Еве не овде на овој простор кој ние членовите на ПЕД „Бистра“ со години го нарекувавме „Одаја“, која по смртта на Сашо и по откривањето на спомен плочата се претвори во „Одаја на вечноста“, која му е посветена на популарниот „Ше“. Тој 24 години беше на чело на нашето друштво, еден од возобновителите на планинарството и зачетниците на спелеологијата на овие наши простори, рече меѓу другото секретарот Зоран Јованоски.

Тој се заблагодари на сите кои биле дел од овој меморијален марш посветен на Сашо, и нагласи дека за наредните години ќе бидат присутни и долгогодишни пријатели од планинарски друштва од државата.

На откривањето на плочата планинарите ги поздрави и претседателот на месната заедница на село Кнежино, Станко Китаноски, кој меѓу другото рече дека Кнежино со смртта на Сашо загуби пријател кој придонесе со убавините на овој крај да се запознаат голем број луѓе и надвор од Кичево и Кичевско.

Членовите на ПЕД „Бистра“ својата прва активност ќе ја имаат на денот кога се одбележува 78- годишнината од смртта на Рацин -13 јуни, кога го организираат традиционалниот планинарски марш до месноста  Јама, местото на погибијата на великиот поет.

извор: МИА

Next Post

ЕУ ја одобри ковид вакцината на „Фајзер“ за младите од 12 до 15 години

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk