ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Повеќе од 600 деца сместени во згрижувачки семејства, МТСП отвора центри за нивна поддршка

June 1, 2021 12:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од 400 деца се вдомени во 287 згрижувачки семејства како  хуман облик на грижа за децата кои беа сместени во институции. Има и 79 роднински згрижувачки семејства во кои се сместени 207 деца. Згрижувачките семејства се внесени во системот на социјална заштита во новиот Закон за социјална заштита од 2019 година.

По повод  Меѓународниот ден на згрижувачките семејства и Денот на заштита на децата, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска го посети домот на Ана и Сашо Илиоски во скопската населба Лисиче кои пред три години згрижиле двегодишно дете.

Шахпаска изјави дека во државата има многу вакви хумани луѓе кои, како што рече, даваат многу љубов преку толеранција, поддршка и безмерна и постојана грижа за здравјето на децата.

– Сакам да изразам огромна благодарност од страна на Министетството за труд и социјална политика и од Владата за бескрајната грижа што згрижувачките семејства им ја даваат на овие дечиња како облик кој е најблизок до нивните биолошки семејства. Пример е ова семејство што денеска го посетивме во кое благородните родители пред три години згржиле едно детенеце кое имало отстапување во својот развој. За нецели три години тоа постигна вонредни резултати во својот развој, изразување на емоциите во јасен, разбирлив говор. Детенцето рамноправно со неговите другарчиња присуствува во градинка и со  поддршка на логопед и психолог успева да ги надмине предизвиците во неговиот развој. Тоа кажува дека начинот на кој државата воспоставила механизам за грижата на децата преку згрижувачките семејства ги дава вистинските резултати, изјави Шахпаска.

Сашо Илиоски, здрижувач на сега петгодишното дете, чиј дом го посети министерката Шахпаска, изјави дека со неговата сопруга пред три години одлучиле да згрижат дете зашто немаат биолошки деца. Рече дека детето  е добро социјализирано, се дружи со други деца, говорот му станува сè побогат со зборови и сега веќе во реченици.

-Ова беше отворање мала врата да стигнеме до детенце. Со нашата грижа ја даваме целата љубов кон него, како да е наше дете, и по три години откако го згриживме ги гледаме резултатите и сме наградени од таа наша работа и љубов. Гледаме дека моментите што на почетокот беа невозмони, сега се можни и остварливи.  Работата е едноставна, човек само треба да даде љубов и да биде трпелив. Благодарен сум за шансата да можеме да згрижиме дете, да осетиме моментот на родителска грижа, тоа што фалеше кај нас, да можеме да ги пренесеме кај детенцето и да го израснеме во позитивна личност, изјави Илиоски.

Со новиот Закон за социјална заштита, Министетството за труд и социјална политика воспоставува центри за  поддршка на згрижувачките семејства. Шахпаска соопшти дека наскоро ќе бидат отворени два – регионален во Битола и нов во Скопје – во просториите на Домот „11 Октомври“.

Целта на овие центри е да ги поддржат, подготват и обучат згрижувачките семејства коишто треба да влезат во системот како згрижувачи, а оние семејства кои веќе се во овој систем ќе добиваат дополнителна поддршка во процесот на грижата за децата кои се во нивните домови. 

извор: МИА

Next Post
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во болниците се лекуваат 183 ковид-пациенти

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk