ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Светскиот ден на детето одбележан на Детската клиника, неколку деца излекувани со помош на посебни апарати за механичка вентилација од Словачка

June 1, 2021 11:27
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Посебни апарати за механичка вентилација, кои досега ги немаше во земјава, донираше амбасадата на Словачка. Веќе неколку деца се излекувани благодарение на имплементација тој тип вентилација, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на одбележувањето на Светскиот ден на детето во дворот на Универзитетската клиника за детски болести – Скопје.

– Благодарение на таа соработка дел од стручниот тим престојуваше во врвна болница во Братислава и се вратија со искуство кое го пренесуваат на своите колеги, рече Филипче и се заблагодари на нивниот партнер „Алкалоид“, кој со години наназад го поддржува развојот на секој сегмент во здравствениот систем посебно во донации во делот на обнова на Детската клиника, опрема и лекови.

Целта на овој настан, посочи министерот, е да сумираме што е направено досега, кои се нашите планови за понатаму. Клиниката за детски болести е највисоката, врвна во хиерархија институција за лекување на детски болести, каде со години наназад работат врвни експерти, професори во различни области. Секоја од тие области посебно напредува и ги следи сите трендови. Како Министерство за здравство даваме поддршка за да се забрзаат сите тие процеси на напредок. Се реновираа бројни одделенија како што се одделението за интензивна нега, одделението за неонатаологија, хематоонкологија, а сега во тек е целосното инфраструктурно обновување на одделението за онкологија каде се лекуваат најтешко болните деца, рече Филипче.

Потенцира дека воведуваат нова терапија како таа за дел од децата болни од цистична фиброза кај кои има индикација за лекот „Калидеко“, кој, како што појасни, веќе дава одлични резултати, а дел од децата кој го примаат веќе повеќе недели не се јавени во болница заради тоа што има одлично дејство.

– Напредува и процесот на трансплантација. Изминатите две години трансплантирани со алогена трансплантација деца од 16 години во соработка со Клиниката за детски болести и Клиниката за хематологија. Тоа беа деца кои дотогаш се упатуваа на лекување во странство. Лекувањето на 90 деца кои се постковид симптоматологија е многу успешно и верувам тоа ќе биде поттик сите колеги да работат уште повеќе и да ги следиме трендовите од светот, додаде Филипче.

Амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш рече дека вентилаторите ги обезбедиле само за државава, тие се со светски квалитет и еден вреди 25 000 евра. Посочи дека ги изработила словачка фирма, а ги донеле преку НАТО фондација.

– Целта е да се спасат што повеќе животи. Директорката на Клиниката, Апасизја Софијанова која пред неколку дена беше на специјална обука во Словачка за употребата на вентилаторите, потенцира Маркуш.

Доктор Софијанова истакна дека честувањето на Меѓународниот ден на детето значи насмевка на детето, а тоа што тие треба да го дадат како краен производ кај децата кои болни доаѓаат на Клиниката треба да биде насмевката нивна и на нивните семејства.

– Сакаме да ја направиме Универзитетската клиника за детски болести регионален центар за лекување на сите болести, а особено на специфичните. Специфичната улога на лекувањето на децата ќе биде одделот за интензивна нега и терапија, останатите одделенија каде се лекуваат ретки болести, пост ковид одделенијата со кои покажавме дека и оваа држава успешно се справува со оваа пандемија. Верувам дека и останатите амбасади ќе го имаат овој слух во нас да препознаат партнер, додаде доктор Софијанова.

извор: МИА 

Next Post

Состојбата на пациентката на која и беше трансплантирано срце е добра, потврди Филипче

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk