ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Ниту еден пациент не е пратен во приватните болници, а притоа да не е обезбедено место во јавното здравство

June 3, 2021 15:04
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА

Ниту еден пациент не е пратен во приватните болници, а притоа да не е обезбедено место во јавното здравство. Исто како и за други патологии, за друга здравствена услуга, така ковид пациентите оделе и одат таму по своја волја од икс причини, никогаш заради тоа што биле упатени или им било кажано дека нема место во јавното здравство. Напорно работевме да обезбедиме секогаш доволен број на болнички кревети, да пренамениме одделенија итн., за да се обезбеди секогаш слободни кревети и места во амбулантите, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека точно е дека во еден период се чекало за прием неколку часа, се препраќале пациенти од еден во друг оддел, што важи тука пред се за Скопје, меѓутоа, како што појасни, ниту еден пациент не беше оставен без соодветна здравствена заштита.

– Во рамките на тоа, гледајќи колкав е интересот и притисокот на пациентите кон приватни здравствени установи анализата што ја направивме врз основа на податоци што ги побаравме од приватните установи да видиме колку и како бил интензитет на прием на пациенти го донесовме овој закон во интерес на пациентите. Се надеваме дека нема да треба, ама мораме да се подготвиме евентуално и за некој следен бран. Никој во светот не знае што може да се случи. Сега сме далеку поспремни, имаме искуство, веќе знаеме како се реорганизираме, така што сето тоа е во интерес на граѓаните во нашата измена на законот. Повторно уфрливме уште еден член со кој тогаш доколку оцениме дека нема слободни кревети во рамките на јавно здравствените установи државата е таа што ги користи капацитетите на приватните, на некој начин ги ставаме во функција на јавното здравство, рече Филипче одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на реновираните хируршки сали на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија.

Така што, додаде министерот, со измената на законот прво се лимитираат цените кои граѓаните ги плаќаат, а понатаму и државата се обезбедува за екстра кревети ако се соочиме со некој силен бран и ќе ни бидат потребни дополнителни спасувачки капацитети.

извор: МИА

Next Post

Дуел со опозицијата ќе има, не бегам од тоа, порача Заев

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Ливерпул со спектакуларна победа го отвори првото коло во Премиерлигата

August 15, 2025

Почнаа разговорите меѓу Трамп и Путин

August 15, 2025
Фото: Профил на Х, Карл Билд

Карл Билд: Каква порака сака да испрати Лавров  кога се појави во Алјаска со маица на СССР?

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk