Премиерот Зоран Заев уверува дека земјата прави се да изнајде решение со Бугарија и ако успее во тоа, веднаш на 23 јуни ќе треба да ја имаме првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ. Во исто време, бугарскиот претседател Румен Радев од Софија порача дека Бугарија бара гаранции при проширувањето на Европската Унија со Република Северна Македонија.
Независната угостителска комора (НУК) смета дека новите протоколи за организирање на свадби се контрадикторни и нелогични и со нив се прави ограничување во вршењето на угостителската дејност односно им се дозволува работење само на определени угостителски објекти.
Министерството за образование и наука информира дека исплатени се средствата за ученички и студентски стипендии за месец јуни 2021 година. Сите корисници на стипендии кои ги доделува МОН за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во Република Северна Македонија, како и студенти запишани на некој од најдобрите светски универзитети согласно Шангајската ранг листа, на своите трансакциски сметки ја добија јунската стипендија.
Иако германските компании во земјава сметаат дека актуелната деловна состојба им е полоша во споредба со изминатите години и не очекуваат никакви промени во однос на извозот, сепак скоро 70 проценти од нив повторно би инвестирале тука, покажува најновата анкета на Делегацијата на германското стопанство.
Активната транспарентност на министерствата, Владата и на општините во 2021 година изнесува 63 проценти и е подобрена за пет процентни поени во однос на минатата година, покажува годишното рангирање на институциите според Индексот на активна транспаретност што го изработува Центарот за граѓански комуникации. А најтранспарентни биле Министерството за одбрана и општина Карпош.
М. Миткоска