ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

И покрај неповолните оценки за годинава, скоро 70 отсто од германските компании во земјава повторно би инвестирале тука

June 3, 2021 10:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако германските компании во земјава сметаат дека актуелната деловна состојба им е полоша во споредба со изминатите години и не очекуваат никакви промени во однос на извозот, сепак скоро 70 проценти од нив повторно би инвестирале тука, покажува најновата анкета на Делегацијата на германското стопанство.

Членовите на Македонско-германското стопанско здружение повторно укажаа на проблеми со владеењето на правото, но посочија и на, како што се наведува во денешното соопштение, политички проблеми.

Според Делегацијата, резултатите од анкетата не се изненадувачки.

-Само осум отсто од испитаниците ја сметаат сопствената деловна состојба како добра (2019: 29 отсто), а 53 проценти како задоволителна (2019: 61 отсто). Очекувањата кои ги имаат во однос на извозот се исто така полоши во споредба со 2019 година. Само 34 проценти од нив претпоставуваат дека извозот на нивните добра и услуги ќе се развие подобро во споредба со претходните години (2019: 51 отсто). 40 отсто од испитаниците не очекуваат никакви промени во однос на извозот оваа година, додека 26 проценти од нив претпоставуваат дека ќе имаат намалување на извозот на нивните производи и услуги, вели директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс.

Мартенс најавува дека ќе продолжи дијалогот со македонската Влада за подобрување на бизнис условите.

-Ќе продолжиме да водиме дијалог со македонската Влада за подобрување на овие рамковни услови во земјата. Скоро 70 отсто од инвеститорите кои веќе инвестирале, повторно би го сториле истото во Северна Македонија. Ова е солидна основа од која може понатаму да се развиваат германско-македонските стопански односи, наведува Мартенс.

Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија од 2006 година редовно ја спроведува анкетата со која се оценува Северна Македонија како дестинација за инвестирање.

Оваа година анкетата се спроведе од 1 март до 14 април.

извор: МИА

Next Post

Во скопските ковид центри нема нови хоспитализирани, вкупно се лекуваaт 58 пациенти

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk