ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Струга ќе ги „депортира“ питачите од другите градови

June 3, 2021 19:31
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Струга ќе го решава проблемот со големиот број питачи во градот. На стартот на летната сезона градоначалникот најави „депортирање“ на сите питачи  од другите градови.

Анализите на полицијата и Центарот за социјални работи покажале дека најголемиот број од ранливите граѓани се од Централна и Источна Македонија, кои во текот на летниот период, доаѓаат на питачење во туристичка Струга.

Најчесто на улица се сретнуваат деца, родители но и постари граѓани  од ромска националност. Голи, боси и изгладнети просат милост и пари од минувачите.

„Може со сигурност да потврдиме дека нема ниеден граѓанин од Струга, ниту од ромска ниту од египќанска народност кој проси во градот, ниеден нема, тврдиме. Сите доаѓаат организирано од други градови. Мажите се организираат и собираат старо железо, а мајките и децата ги пуштаат во градот да питаат“, вели Рамиз Мерко градоначалник на Струга.

Полицијата и вработените во Центарот за социјални работи ќе ги собираат питачите од струшките улици, по остварени разговори со социолозите  ќе ги враќаат во родните градови.

„Одредивме простории каде ќе ги задржиме 24 часа, наводно децата не смееме да задржуваме , но со родителите смееме и децата. Ќе ги обезбедиме сите услови по закон и ќе ги депортираме и ќе работиме секојдневно да се намали бројот на питачи во Струга“, појаснува  Мерко.

Расте бројот на социјално загрозени во струшко. Моментално во Центарот за социјални работи евидентирани се околу  400  ранливи граѓани од Струга и Вевчани.

Ковид  пандемијата придонесе за пораст на бројот на  сиромашни во однос на минатите години, причина е тоа што дел од граѓаните останале без основните приходи за егзистенција.

„Бројот на социјално загрозени домаќинства, бидејќи станува збор за варијабилна бројка, изнесува околу 400 корисници. Споредбено со минатите години во 2020 и 2021 година имаме  пораст на корисници кој се должи пред сѐ на состојбата односно на пандемијата Ковид-19“, вели Мевмед Халили, директор на Центарот за социјални работи Струга.

Од граѓанските здруженија велат во Струга со години има  организирано питачење.  Во март годинава полицијата  реализира повеќе  акции низ струшките улици, а беа поднесени десетина прекршочни пријави.

„Од почетокот на годинава на подрачјето на Струга извршени се повеќе контроли и затекнати се десетина лица кои вршат  питачење во централното градско подрачје. Во текот на минатата година реализирани се 28 акциски контроли и затекнати се 30 лица кои што вршат питачење“, вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Питачите престојуваат кај приватни сопственици на станови  во Струга без легално да бидат пријавени. Прекршочни пријави заработија  и пет стано-издавачи од Струга.  Во една соба се сместувале и по десет лица.  Казната за лицата  кои што се  затекнати при питачење изнесува  од 15 до 50 евра.

текст, камера и фотографија: Соња Рилковска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Филипче: ВМРО ДПМНЕ ветуваше подобра преговарачка позиција, но единствено донесе понижувања на државата

July 10, 2025

Пленковиќ: Овој дел од Европа нема да оди напред ако злосторства како Сребреница не се признаат

July 10, 2025

Северен Атлантик загаден со 27 милиони тони нанопластика

July 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар опасно се приближува кон домовите на жителите на населбата Лозаново во Крива Паланка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Македонија е предводник во регионот, нејзиното пристапување кон ЕУ е неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Брисел: Грчка десничарска европратеничка ги негира Македонците, Словенечката пратеничка Јовева во одбрана на македонскиот народ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk