Мерење на телесна темпертура на влез, дезинфекциони средства, оддалечен бенд, растојание при танцувањето, задолжително носење маски за вработените, се само дел од строго пропишаните протоколи, што ги усвои Владата за одржување на свадбени прослави.
Според протоколите, дозволено е одржување на свадби во отворениот дел на локалите, односно на летните тераси до максимум сто лица, но не повеќе од 50 проценти исполнетост на капацитетот.
Дозволен е максимален број од шест лица на една маса со задолжително почитување на пропишаното растојание помеѓу секој гостин и растојание помеѓу масите.
Организаторот на прославата има обврска да достави листа на гости до одговорниот менаџер на објектот кој, пак, има обврска да го евидентира секој гостин на прославата./ МИА/.