ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Можни се нови олеснувања на мерките, во Скопје вчера немаше хоспитализирано нови пациенти

June 4, 2021 08:56
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема влошување на епидемиолошката состојба и нема повеќе притисок во инфективните одделенија во земјава. И вчера како и претходните денови се регистрирани мал број новозаразени, а се намалува и бројот на починати како последица од Ковид-19. Доколку продолжат овие бројки, по 15 јуни може да се очекуваат дополнителни олеснувања на рестриктивните мерки.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера појасни дека тоа се однесува пред се на полицискиот час и на препораките за организација на другите настани.

–Следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе биде пред 15 јуни, а дотогаш ќе работиме со организаторите на разни настани, концерти, тоа што се планира да се организира во текот на летните месеци за да се донесат соодветните протоколи, истакна Филипче.

По подолго време нема хоспитализирано нови пациенти поради компликации од коронавирусот во ковид центрите во Скопје. Изминатото деноноќие немало приеми на Институтот за ТБЦ, во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“, ниту пак на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Вкупно 58 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 83 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. Континуирано и дневно се прават исписи на оздравени пациенти со што се ослободуваат дополнителни легла.

Здравствените власти информираат дека во болниците има слободни места, а сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Во земјава се намалува и бројот на активни случаи со Ковид-19. Според епидемиолошки анализи, во Скопје има 439, Куманово – 107, Прилеп – 57, Охрид – 54… , а по еден активен случај има во Дебар, Пробиштип и Валандово. Во повеќе општини нема активни случаи на Ковид-19, како во Дојран, Пехчево и Демир Капија,

Во претходното деноноќие од направени 2.456 тестирања беа регистрирани 19 нови случаи на Ковид-19. Како оздравени се регистрирани 26 пациенти, а починаа шест лица. Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите четири во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.364, бројката на оздравени пациенти е 148.872, на починати е 5.435, а бројот на активни случаи изнесува 1.057. Досега во земјата се направени вкупно 804.728 тестирања на Ковид-19.

Next Post

Расте бројот на вакцинирани, пандемијата стивнува

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Брвеница: Ние како Влада со ист критериум инвестиравме во сите општини, така се гради соживот

October 26, 2025

Филипче: Трајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе

October 26, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Гест што Холивуд не го заборава: Џорџ Клуни им подари по милион долари на своите пријатели

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk