ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Нуредини: Ако се точни обвинувањата за увезениот мазут, тоа е криминал и ќе има одговорност

June 5, 2021 09:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министетството за животна средина никогаш нема дадено дозвола за увоз на индустриски отпадни горива. Ако биле увезени вакви горива во нашата земја под лажна претстава дека тоа е мазут, тогаш тоа е криминално дело бидејќи ние никогаш не сме го дозволиле тоа, изјави министерот Насер Нуредини, кој смета дека за спорниот мазут што бил узвезен и користен во земјава одговорност не треба да чувствува само тој, туку и Владата  и сите граѓани.

Во Дневникот на ТВ Сител Нуредини кажа дека без одобрение на Министетството со кое раководи, каков било отпад не може да биде увезен во нашата земја и дека е направено кривично дело. Владата побарала од сите институции да работат заедно за да се расчисти дали обвинувањата се точни.

-Ако се точни, ќе има одговорност за оние кои го стоириле тоа. Ова е ризик за јавното здравје на нашите граѓани и тоа нема да го дозволиме. На владина седница побарав Царината да ги спореди сите документи со институцијата од која потекнува ова гориво за да бидеме сигурни дека ништо не е променето од местото на потекло, кое може да е која било земја од ЕУ. Од таму до нашата граница да се утврди дали имаат исти, идентични кодови за материјалот кој го имало во резервоарите. Вака и ние ќе знаеме дали производот пристигнал таков како што е наведено од почетната дестинација во нашата земја. Ако имало промени во меѓувреме, тогаш ќе знаеме дека нешто, според мое мислење, иако не сум адвокат, е криминал, фалсификување документи, рече Нуредини.

Нагласи дека сите надлежни институции мора заедно да работат на ова и дека Владата бара расчистување зашто, рече, тоа е важно прашање.

-Ова е многу отровно гориво ако сме го гореле и тоа не смее да се случи. Нашата идеја е мазутот воопшто да не се користи во иднина, рече Нуредини.

За загадувањето на воздухот, според него, нема брзо решение и треба постепено да ги менуваме системите за греење, а една од клучните инвестиции е гасификацијата.

– Очекуваме да ја финализираме првата мрежа за гасификација до крајот на годината. Дотогаш очекуваме да потпишеме договори со приватни комапнии кои ќе инвестираат во втората и третата мрежа. Повеќе понуди за индустријата, подобри начини за загревање на нашите домови и објекти, ќе ја намли потребата од користење неконвенционални методи, како нафта, дрво, пелети, рече Нуредини.

Соопшти за преземени мерки, меѓу кои со Министетство за економија ја смениле регултивата за да се осигури дека квалитетот на цврстите горива е според европските стандарди и дека државата инвестира во обновлива и соларна енергија за ослободување од користење на јагленот, со што, рече, според планот до 2030 година ќе може да се исклучи РЕК Битола.

Една од клучните причини за загадувањето на воздухот, посочи Нуредини, е начинот на греење, не само на домаќинствата, туку и на јавните инстутуции, училишта и болници, кои се загреваат со мазут.

Според Светска банка, околу 40-45 отсто од загадувањето доаѓа од загревањето на објектите. Втора причина се возилата и јавниот транспорт зашто просечна старост на нашите автомобили е 17 години, што е под Евро4-стандардот и третата причина, рече Нуредини, е индустријата, за која се смета дека има удел во загадување од 17 до 20 проценти.

 

извор миа.мк
Next Post

Нема тајни преговори со Софија, македонските позиции се јасно декларирани, тврди власта, опозицијата бара одговор дали се прифатени бугарските позиции

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk