Откако сум министер за правда, јас и мојот тим посветено работиме на реформите во правосудството. Решаваме со децении таложени проблеми. Резултатите почнуваат да се гледаат, а убеден сум во идина забрзано ќе се менува и перцепцијата за судството.
Работиме на многу мерки и реформи за кои набрзо ќе информираме, а ова е само дел на тоа што успеавме да сработивме за само 10 месеци:

Правда достапна за сите: Судските такси намалени за осум пати.

По нова методологија започна проверката на работата на судиите.

Започнува целосна дигитализација на 187 судници и 34 судови.

Преку измени на Кривичниот законик до поголема заштита на новинарите и медиумски работници.

Зголемени платите на судската полиција.

Почна процедурата за набавка на нови униформи на затворската полиција.

Пуштен во употреба ВПД Волковија – најмодерниот воспитно-поправен дом во регионот.

По 20 години конечно Попис во Северна Македонија.

Отворени политички разговори за промена на изборниот модел.

Извештаите на Стејт Департментот и ЕУ забележуваат напредок во секторот правда и владеењето на правото во земјава.

Голем дел од случаите на поранешното СЈО се пред завршница.

Преку законски измени до 20 пати повисоки казни за загадувачите на животната средина.

Измени на Кривичниот закони за поголема заштита на жените од насилство.

Целосна реконструкција на повеќе затвори во земјата.

Министерство за правда – отворено, транспарентно, отчетно.

Засилена меѓународна соработка
напиша на својот профил Бојан Маричик.