ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Декриминализација на канабисот: Низ сеопфатна дискусија ќе се најдат најдобрите решенија за користење на медицинските и економските бенефити од билката канабис

June 7, 2021 21:05
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Во Владата, денеска, се одржа првиот состанок на „Работна група за подготовка на измени и дополнувања на законодавството за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки на канабисот”, оформена откако се увиде потребата за координирање на повеќе процеси и иницијативи предложени од професионалните здруженија и граѓанските организации.
На првиот состанок на Работната група беа презентирани и потврдени опсегот, мандатот, составот, начинот на работа, како и целите, начелата и основните идеи поврзани со регулацијата на производство и искористувањето на медицинските, социјалните и економските придобивки од билката канабис.

На состанокот беа поздравени храброста, иницијативата и посветеноста на граѓанскиот сектор, на институциите и на бизнис секторот за подготовка на предлог измени и дополнувања на законските решенија со цел да се обезбеди депенализација и декриминализација на употребата на канабисот за лични потреби, како и да се отвори сеопфатна содржинска дискусија за можностите за легализација.

Во македонски контекст, овие измени и дополнувања опфаќаат интервенции согласно меѓународните пракси и тоа во Кривичниот законик, Законот за прекршоците, Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции и Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На состанокот беше утврдена потребата да се дозволи, освен лекарите од јавното, и лекарите од приватното здравство да можат да препишуваат препарати од канабис и да се дозволи можност пациентот кој добил препорака за лекување со препарати од канабис да може сам да одгледува и користи канабис во форма која согласно неговата здравствена состојба најмногу му одговара. Исто така, беше постигната согласност за потребата да се прошири листата на специјалистичките гранки во кои канабисот може да се препорачува како лек, прашање кое треба да се регулира со прописи од областа на лековите.

Работната група ќе преземе и иницијативи за информирање и едукација на широката јавност за сите аспекти од употребата на билката канабис, како и да обезбеди целосно инклузивен процес на консултација со сите засегнати и заинтересирани страни.

На состанокот учествуваа претставници од Министерството за здравство, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Кабинетот на премиерот, здруженијата на токсиколози, на педијатри, на онколози, Факултетско студентско собрание при Фармацевтски факултет, Здружението на млади кривичари, Хелсиншкиот комитет за човекови права, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Коалицијата маргини, Здружението Операција Ослободување, Здружението за канабис и зелени политики Билка, НВО коалиција Канабис институт Пелагонија, Здружението на производителите на медицински канабис и од Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ.

Next Post

Вечерен преглед: Дополнителни 12.870 вакцини стасаа денеска, Дигиталните учебници дома, на час ќе има интеракција меѓу учениците и наставниците

НАЈНОВО

Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот

Кос: За напредок во проширувањето потребна е трајна трансформација на економиите и општествата на земјите кандидатки за членство

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk