ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Дополнителни 12.870 вакцини стасаа денеска, Дигиталните учебници дома, на час ќе има интеракција меѓу учениците и наставниците

June 7, 2021 21:15
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Дополнителни 12.870 дози од производителот Фајзер обезбедени преку директните преговори со производителот и преку ЕУ која ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe) пристигнаа денеска, објави Филипче на Фејсбук.

Учениците ќе ги користат ИТ уредите дома, за да можат поедноставно, во малку поинаков формат отколку на часот, преку видео и аудио содржини, анимации и квизови, да ја повторат содржината што ја учеле на училиште. На часовите, учениците нема да гледаат постојано во монитор, туку ќе стекнуваат нови знаења преку континуирана интеракција со наставниците. Ученикот ќе има активна улога за време на часот. Советникот во Министерството за образование и наука Душан Томшиќ, во утринската програма на Сител ТВ појасни дека промените во образовниот систем се неопходни, затоа што нашите ученици на 14.годишна возраст не можат да разберат ниту половина од прочитан текст.

Новата Концепција за основно образование превидува драстични промени во образовниот систем од следната учебна година, вклучително и воведување на интеркултурно образование со кое ќе се надмине пасивниот соживот помеѓу различните етнички и верски заедници и ќе се даде придонес кон изнаоѓање на одржлив начин за заедничко живеење во нашето мултикултурно и мултиетничко општество. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска в своето обраќање на денешната онлајн конференција по повод 25 години од усвојувањето на Хашките препораки за образовните права на националните малцинства, организирана од Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ.

Наставните програми за прво и четврто одделение се подготвени и ќе започнат да се имплементираат од септември, рече министерката Царовска вечерва во емисијата „Анализа 24“ на ТВ 24, каде за новата реформа во образованието дебатираше со претседателката на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска и со претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Независната  угостителска комора почна да ги оделува сертификатите „Чисто и безбедно“ и  „Safe travels“ во охридско струшкиот регион. Сетрификатот е доказ   дека угостителските објекти работат согласно препораките  за заштита од корона вирусот.  Деновиве повеќечлена комисија ќе врши увид и ќе доделува сертификати во регионот.

Next Post

Што ќе направат Мицкоски и 40-те разбојници?

Shortcut

Најново

Утре во Скопје се отвора 25-то јубилејно издание на ОФФест

June 2, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

June 2, 2026
Охрид. Фото: Фронтлајн

Контроли на плажите: Владата ги прецизираше термините за забрана на скутери и чамци на трите езера

June 2, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

June 2, 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk