Независната угостителска комора почна да ги оделува сертификатите „Чисто и безбедно“ и „Safe travels“ во охридско струшкиот регион. Сетрификатот е доказ дека угостителските објекти работат согласно препораките за заштита од корона вирусот. Деновиве повеќечлена комисија ќе врши увид и ќе доделува сертификати во регионот.
-„Во соработка со здружението Охридски еснаф во изминатиот период дискутиравме за начините и можностите како да се овозможи побрз достап на угостителите од Охрид за начинот ан сертифицирање како и можноста што побрзо да ги употребат и би ја искористиле сезоната 2021 во пресрет на новите гости за кои се очекува да бидат поголем дел странски туристи“ , вели Здравко Јпсифоски претседател на НУК.
Речиси сите угостителски објекти ги задоволуваат критериумите за добивање сертификат, а тој се доделува врз основа на тоа дали објектот ги почитува протоколите, кои се моментално на сила Досега 55 угостителски објекти аплицирале за сертификати, а денес беа доделени седум.
-„Желбата на градот квалитативно да се издигне со својата понуда е токму причината да сме собрани овде да го пласираме новиот начин на размислување. Овој сертификат кој го предлагаме не е ништо друго туку изјава на сопствениците дека се желни нивните објекти да работат согласно актуелните препораки кои се на важност за справување со пандемијата која не погоди“, вели Михаил Мишев претсетадател на „Охридски еснаф“.
Сертификатот е доказ дека угостителскиот објект води грижа за хигиената, но и безбедноста на своите гости.
Според НУК оваа сезона на брегот на Охридкото езеро се очекуваат многу поголем број странски туристи за разлика од лани кога поради пандемијата претежно имаше домашни гости
Соња Рилковска