ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Скандалозната изјава на градоначалникот Мерко за „депортирање“ на питачите, остро осудена од Хелсиншкиот комитет за човекови права

June 7, 2021 12:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро ја осудува скандалозната изјава на градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, со која се заканува и најавува депортација на луѓето кои питачат на подрачјето на општината, се нагласува во денешното соопштение од Хелсиншкиот комитет.

Како што извести Фронтлајн, градоначалникот на Струга одлучил да го решава проблемот со големиот број питачи во градот со „депортирање“ на сите питачи од другите градови.

Анализите на полицијата и Центарот за социјални работи покажале дека најголемиот број од ранливите граѓани се од Централна и Источна Македонија, кои во текот на летниот период, доаѓаат на питачење во туристичка Струга.

„Може со сигурност да потврдиме дека нема ниеден граѓанин од Струга, ниту од ромска ниту од египќанска народност кој проси во градот, ниеден нема, тврдиме. Сите доаѓаат организирано од други градови. Мажите се организираат и собираат старо железо, а мајките и децата ги пуштаат во градот да питаат“, вели Рамиз Мерко градоначалник на Струга.

Полицијата и вработените во Центарот за социјални работи ќе ги собираат питачите од струшките улици, по остварени разговори со социолозите  ќе ги враќаат во родните градови.

„Одредивме простории каде ќе ги задржиме 24 часа, наводно децата не смееме да задржуваме , но со родителите смееме и децата. Ќе ги обезбедиме сите услови по закон и ќе ги депортираме и ќе работиме секојдневно да се намали бројот на питачи во Струга“, појаснува  Мерко.

Ваквите закани и намери на градоначалникот Мерко се отворено дискриминаторски и противзаконски, реагираат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

„Ниту еден градоначалник во Македонија нема никакви овластувања, ниту надлежност да задржува и да протерува граѓани. Питачењето се казнува прекршочно во согласност со Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, но градоначалникот нема право да депортира граѓани. Во оваа смисла, Кривичниот законик како кривично дело го предвидува противправното лишување од слобода во членот 140, за секој којшто друг противправно ќе затвори, ќе го држи затворен или на друг начин ќе му ја одземе или ограничи слободата на движење. Предвидената казна за ова дело е повисока, доколку го стори службено лице со злоупотреба на службената положба или овластување.

Дополнително, Кривичниот законик во член 417 предвидува дека секој што врз основа на расата, бојата на кожа, припадноста на маргинализирана група, етничката припадност и социјалното потекло или која било друга основа ги повредува основните човекови права и слободи признати од страна на меѓународната заедница, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

За жал, оваа загрижувачка изјава на Мерко е само дел од широко распространетиот брутален и нехуман однос кон сиромашните и маргинализираните заедници во нашата држава. Тие честопати се жртви на полициска бруталност и се приморани да живеат со сите последици кои ги носи профилирањето на кое се подложени од страна на институциите и целото општество. Токму системската дискриминација врз сиромашните и маргинализираните е причина за зголемување на нивната ранливост, за зацврстување на стереотипите и предрасудите кон нив, како и за нивна прекумерна криминализација. Питачењето, иако е негативна појава, е резултат на отфрленоста, бесперспективноста и сиромаштијата. Тука е коренот на проблемот и тој може да се реши само со реално и конкретно подобрување на социо-економските услови за живот на овие луѓе.

Истовремено, ги повикуваме социјалните служби и другите надлежни институции итно да реагираат и да го спречат манифестирањето сила врз луѓе од оваа ранлива категорија и да ги заштитат нивните човекови права, кои се загарантирани со Уставот и законите.“, се наведува во реакцијата од Хелсиншкиот комитет.

Ј. Ѓ.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Ветени 10 милијарди долари за обновата на Украина на конференцијата во Рим

July 10, 2025
Фото: Влада

Мицкоски: Го зачувавме статусот на Охридското Езеро, ќе се урнат дивоградбите и ќе се откријат злоупотребите со одобренијата

July 10, 2025
Фото: ФФМ

Македонија напредуваше пет места на ФИФА ранг-листата

July 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар опасно се приближува кон домовите на жителите на населбата Лозаново во Крива Паланка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Македонија е предводник во регионот, нејзиното пристапување кон ЕУ е неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За национализмот и патриотизмот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk