Во Струга цела деценија не е урната ниту една дивоградба. Се легализирале објекти без комплетна документација, со што се создале услови за нови нелегални градби, а не се почитуваале законските рокови. Ова го покажа последниот ревизорски извештај.
Градоначалникот на Струга, вели општината е отворена и транспарентна, но не може да оговара за претходната локална власт.
„Не можам да одговарам за претходната админстрација. Јас мислам дека комисиите за легализација свесно и одговорно ги вршат своите задачи и не можам тука да влијаам. За се што е противзаконито има обвнителство, има судство нека дојдат нека проверат за секоја грешка ќе има одговорност“, вели Рамиз Мерко градоначалник на општина Струга.
Државниот завод за ревизија препорача Струга да започне со отстранување на бесправно изградените објекти согласно Планот за управување со Охридскиот регион, да го ажурира Регистарот на дивоградби и да обезбеди спроведување на законите за да спречи нелегално градење.
„Ние сме го прошетале целото крајбрежје со комисии со комисијата за Планот на Унеско не најдоа никаква грешка. Дојдете повторно заедно ќе го прошетаме целото крајбрежје каде ќе стават прст ова треба да се урива ќе го рушиме ако нема соодветна документација“, додава Мерко.
Државна ревизија побара од општината да обезбеди кадровско зајакнување на Секторот за инспекциски надзор.
„Нема засилени инспекциски контроли, ниту има конкретни чекори и акција за спречување на незаконитото дивеење на поединци на струшкото крајбрежје. Тренд е узурпаторите да палат трска, да тампонираат, да градат, а никој не презема ништо. Само иницијатаивата на активистите е, надлежните декларативно се заложуваат а на терен ништо “, вели Никола Кукунеш активист од Струга.
Градоначалникот Мерко најави дека ќе постапи согласно препораките на државните ревизори.
Соња Рилковска