ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да прави штети, со протестот ќе затвори најфреквентни крстосници, обид за самоубиство кај „Мавровка“, досие Белорусија

June 8, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Протестот на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги затвори најфреквентните крстосници во Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ, предводена од губитникот Христијан Мицкоски, продолжува да прави штета на интересите на граѓаните и ги поткопува државните позиции и дипломатските процеси за постигнување напредок во евроинтеграцијата на државата, се наведува во соопштението од СДСМ.

Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за ваучери од 12.000 денари за реализација на мерката- организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари.

Меморандум за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Американскиот мировен корпус во Република Северна Македонија потпишаа денеска министерката Мила Царовска и директорката на оваа организација од САД, Дебора Конер.

Меѓународниот суд во Хаг денеска ќе ја изрече правосилната пресуда против поранешниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој првостепено е осуден на доживотен затвор за геноцид и злосторства против човештвото против несрпско население за време на војната во БиХ.

Спасувачка акција на полицијата и Територијалната противпожарна единица на Град Скопје кои се обидуваа да спасат маж кој сака да скокне од тераса на станбена зграда во близина на трговскиот центар „Мавровка“.

АНАЛИЗА: Досие Белорусија: Диктаторот со калашников. За киднапирањето на авион за да се уапси блогер. Кој е Протасевич? Како режимот на Лукашенко се справува со опозицијата, новинарите и неистомислениците? Од кого Лукашенко добива поддршка? Каква е реакцијата на меѓународната заедница? Се гледа ли крајот на диктаторот што се шета со калашников меѓу народот?, во прилогот од Јане Ѓорѓиоски

Во Струга цела деценија не е урната ниту една дивоградба.  Се легализирале објекти  без комплетна документација, со што се создале  услови за нови нелегални градби, а не се почитуваале законските рокови. Ова го покажа последниот ревизорски извештај.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје нема хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 46 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, информираат од Министерството за здравство.

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој се наоѓа во неколкудневна работна посета на Босна и Херцеговина (БиХ) денеска ќе учествува на четиринаесетата конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји (Форум Б-9).

Министерството за култура денеска, утре и на 15-ти јуни во НУ Музеј на современата уметност – Скопје и во ЈУ Младински културен центар (МКЦ), организира промотивни настани на тема „Креативна Европа Дома“ посветени на искуствата во спроведувањето на програмата Креативна Европа – Култура на Европската Унија, како и на нејзината рефлексија на национално и на регионално ниво.

Со чартер-лет од скопскиот аеродром, македонската фудбалска репрезентација претпладнево оди за романската престолнина Букурешт. На аеродромот во Скопје, македонските репрезентативци ги испрати премиерот Заев.

Според извештај на САД за потеклото на Ковид-19, хипотезата дека новиот коронавирус протекол од кинеска лабораторија во Вухан е можна и заслужува понатамошна истрага, објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на извори запознати со содржината на тајниот документ.

Ј. Ѓ.

Next Post
Фото: Влада на РСМ

Бочварски: Драфт веризија на законот за легализација на дивоградби за две недели

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk