ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Маричиќ: Партиите блиску до договор за имлементација на препораките на ОБСЕ/ОДИР во Изборниот законик, останува прашањето за изборниот модел

June 9, 2021 15:12
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска изјави дека париите се блиску до договор за имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот законик, но оти сепак останува потешкиот дел, а тоа е конечен договор за самиот изборен модел. Тој потенцираше дека за какви било промени на изборните правила, потребно е да се постигне консензус и да има согласност од релевантните политички партии, што ќе бидедобро за државата, за меѓусебната доверба, а што како препорака ни е дадена и од Венецијанската комисија.

–До сега се одржаа и неколку состаноци и со претставниците на политичките партии, на кои се дебатираше за начинот и динамиката на промена на изборниот модел. Лично сум задоволен што најдовме заеднички јазик, односно сме блиску до договор за имплементација на препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Сепак, сега останува потешкиот дел, а тоа е конечен  договор за самиот изборен модел, рече Маричиќ на конференција за Изборни реформи во Северна Македонија во организација на Министерството за правда и НДИ.   

Владата, кажа тој, смета дека веќе на локалните избори членовите на општинските совети треба да се бираат преку отворени листи.  

 –На овој начин граѓаните ќе имаат можност да гласаат повеќе за личност отколку за партија, што е ќе биде дополнителна вредност и мотив партиите да кандидираат луѓе со кредибилитет во општеството, односно ќе можат најсоодветно и најквалитетно да одговорат на обврските во советите. Генерално меѓу сите партии има согласност за ова, но останува предизвик да се разговара за начинот на кој градоначалниците ќе го освојуваат мандатот. Односно дали тоа ќе се направи во прв или пак треба да има и втор круг. Сметам дека со креативност и меѓусебна доверба, овој прашање може да биде надминато и на крајот сите заеднички да застанеме позади измените на Изборниот законик, рече Маричиќ.  

Министерот посочи дека ова треба да биде инклузивен процес и сите партии да бидат задоволни од евентуалниот договор и оти затоа на последниот состанок биле поканети и активно учествувале и претставниците на партиите на помалку бројните етнички заедници во земјата.   

–И тие имаат свои забелешки, предлози, размислувања кои ќе бидат земени предвид во договарањето на измените на Изборниот законик, рече Маричиќ. 

Локалните избори во земјата треба да се одржат во втората половина на октомври, а претходно треба да финишира пописот на населението.  

Според ова, додаде Маричиќ, времето за договор е навистина кратко. Тој изрази надеж дека веќе на претстојните локални избори ќе се гласа со отворени советнички листи и оти верува дека македонското општество е зрело за подобрување на изборниот модел.   

Во Министерството за правда пред неколку месеци се формираше работна група за измени во Изборниот законик во која членуваат професори, интелектуалци, експерти.   

Роберт Скот Хејзелт, директор на НДИ пренесувајќи делови од истражувања презентирани на конференцијата, рече дека граѓаните често сметаат дека се заборавени од нивните избрани претстставници.   

-Веројатно еден од главните проблеми е перцепцијата дека пратениците одговараат само пред партиските лидери затоа што тие одлучуваат кој ќе се најде на изборните листи и затоа перцепцијата е дека лидерите на политичките партии се фактички парламентарна група од еден човек. За подобро да се разбере перцепцијата на оваа тема Институтот за демократија и граѓанско општество направи истражување во март оваа година. Кога беа прашни луѓето кого претставуваат претставниците во Собранието, анкетираните граѓани тврдеа дека пратениците си ги застапуваат своите лични интереси – 70 проценти, а 76 проценти велат дека ги застапуваат интересите на политичката партија, рече директорот на НДИ.  

Повикувајќи се на истражувањето, Хејзелт посочи дека главните причини за промена на изборниот модел се зголемување на квалитетот на избраните застапници во пратеничкиот дом, зголемување на нивото на лична одговорност на кандидатите и избраните претставници во Собранието, демократизација на политичките партии и намалување на улогата на лидерите на политичките партии и зголемување на улогата на гласачите. Начинот на којшто се избираат пратениците доколку се промени, може да го промени влијанието на политичките партии и на тој начин да се намали зависноста на пратениците од лидерите на политичките партии. Директорот на НДИ исто така посочи дека, врз основа на истражувањето, еден поголем број на луѓе немаат јасно разбирање за тоа што ќе значи намалувањето на изборните единици од шест на една.   

Граѓаните имаат потреба да имаат поголемо учество и влијание на изборниот процес, вели тој.   

На конференцијата беа презентирани резултати од истражвања, а учествуваа и претставнции на политички партии. 

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ/ Фотографија: Б. Јордановска

Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

July 20, 2025
Генерирано со ВИ

При полетувањето и слетувањето, ролетните на авионот треба да бидат подигнати

July 20, 2025

Мистеријата на рачните чанти: Антички симбол или трага од изгубено знаење?

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украинскиот министер Сибига: За правилните називи и самопочитта – Кијив, не Киев!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk