ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МТСП:Нема простор за злоупотреби на правото недела ден на неделен одмор, помошните и придружните дејности ќе бидат утврдени со подзаконски акт

June 9, 2021 16:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Измените на Законот за работните односи, кој беше усвоен на вчерашната владина седница, прецизно утврдува дека недела е ден на неделен одмор и гарантира дека за над 92 проценти од работниците недела ќе биде неработен ден, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму додаваат дека законот јасно ги дефинира дејностите кои ќе можат да работат во недела и оти станува збор само за дејности кои се неопходни за функционирање на државата. Вработените во овие дејности, нагласуваат од Министерството, ќе добијат дневница повисока за најмалку 50 проценти и слободен ден во наредните седум дена.

-Во однос на стравувањата на Здружението „Гласен текстилец“ дека преку придружните и помошните дејности во недела ќе работат уште многу други компании и правни субјекти, уверуваме дека тоа е невозможно да се случи бидејќи во членот 2 од Предлогот за изменување и дополнување на Законот за работните односи е дефинирано дека помошните придружните дејности ги пропишува министерот надлежен за работите од областа на трудот преку подзаконски акт. Овој акт мора да се донесе во рок од 60 дена од денот на влегувањето на сила на законот, нагласуваат од МТСП.

Министерството за труд и социјална политика, посочуваат оттаму, законските измени кои го дефинираат решението недела да биде ден за неделен одмор го подготви во целосно транспарентен процес, а низ таков процес ќе бидат подготвени и подзаконските акти коишто треба да се донесат по усвојувањето на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи.

Според МТСП, истовремено законското решение предвидува контрола од надлежните институции и казни за сите работодавачи кои нема да го почитуваат, што, како што нагласуваат од Министерството, е дополнителна гаранција дека правата на работниците се заштитени. Недела како ден за неделен одмор, велат, станува реалност и значи унапредување на правата на работниците во државата

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Османи: Економската соработка со Турција го нема постигнато посакуваното ниво, постојат многу можности

НАЈНОВО

Фото: Независни заедно

Марковски: Магацините на „Славија“ можат да прераснат во простори за културната сцена, а не во бетонски чудовишта

October 14, 2025

Ѓорѓиевски: Достоинствен живот на возрасните, лицата со попреченост, ранливите категории граѓани на Скопје

October 14, 2025

„МАЈКА“ на Теона Стругар Митевска во потесна селекција за Европските филмски награди

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Дино Имери и Дијана Илкоска Имери

    Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk