ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ВМРО-ДПМНЕ и Левица остануваат против државата и Преспанскиот договор, експресно одговорија негативно и се „кандидираа“ за црната листа

June 9, 2021 14:20
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ и Левица остануваат против Преспанскиот договор и покрај извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден, со која им се заканува забрана за влез и конфискување имот на сите противници на Договорот со Грција и на други важни договори за стабилизирање на Балканот, склучени во изминатите две и пол децении. Од двете партии експресно му свртеа грб на стратешкиот партнер на земјава, преку изјавите на функционерот на најголемата опозициска партија, Антонијо Милошоски и шефот Левица, Димитар Апасиев.

„ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во преговарањата, креирањето, неговото носење во Собранието и негова имплементација, истиот е асиметричен и спротивен на македонските национални интереси“, изјавил Милошоски за „Слободен печат“.

Уште поостар став зазеде Апасиев, според кого извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден е „дел од империјалистичката надворешна политика на САД која оперира со притисок, санкции, закани и воени интервенции, односно една насилничка политика“.

И досега беше познато, барем според изјавите во јавноста, дека дел од македонската опозиција нема да го почитува Преспанскиот договор, со кој во името на земјата се додаде географска одредница, но беше зацврстен идентитетот (Македонци, македонски). Договорот доведе до откочување на евроатлантските интеграции, а ваквите ставови неколкупати ги сподели и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Американската администрација засега не ги наведе имињата, но започна лицитацијата за кои лица станува збор. Според најновиот декрет што го потпиша американскиот претседател Џо Бајден на листата ќе се најдат сите поединци кои работат против клучните договори од Западен Балкан, бидејќи во спротивно би го дестабилизирале регионот.

„Ситуацијата на територијата на поранешна Југославија во последните две децении беше комплексна и вклучува поткопување на повоени конфликти, како и раширена корупција во многу институции во оваа област. Оваа наредба претставува закана за националната безбедност и надворешната политика на регионот“, нагласи Бајден.

За одговорни се сметаат оние што ги прекршиле договорите за регионална безбедност и мир, како Договорот од Преспа, Охридскиот рамковен договор, Резолуцијата 1244 и Дејтонскиот договор.

Next Post

(ВИДЕО) Наставничката Велковска: Со ИБ програмата наставникот е главен извор во наставата, учебникот е само помагало

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk