ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Наредбата на Бајден е сериозна порака на охрабрување и мотивација

June 9, 2021 18:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Борбата против криминалот и корупцијата навистина ги уништува демократските општества и затоа кога САД, најсовршената демократија пример за сите, ја испраќа оваа чиста порака за нас е сериозна порака на охрабрување. И покрај охрабрување е и дополнителна мотивација дека сме на вистинскиот пат, дека тоа е патот по кој целиот демократски свет очекува да се развива иднината за сите земји, па така и за нашата демократска земја, нашата република.

Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев, во прашан за коментар на Извршната наредба од американскиот претседател Џо Бајден за санкции на сите субјекти кои се против Охридскиот и Преспанскиот договор и за сите кои ќе работат против интересите на Западен Балкан.

Поддржувачи сме, посочи Заев, на Преспанскиот договор. Тоа е порака на демократски вредности за кои, како што рече, се бориме и претставува своевидна најголема потврда за вредностите за кои оваа Влада се залага.

-Не е само градењето пријателство, постигнувањето мир и стабилност во регионот, преку дијалог и дипломатија, постигнувајќи ги сите овие договори кои што ги постигнавме прво внатрешно различно етнички сите поставени, па со Бугарија, Грција итн., туку и порано како Охридскиот рамковен договор, рече Заев.

И во едни такви околности, дополни, навистина е испратена порака за еден куп негатори, поткупувачи, блокатори и сл. во државата дека ова е пресериозна работа за некој да може да си прави политиканство на нездрави основи.

Заев изрази задоволство што, нагласи, „првиот и најголем стратешки партнер на земјава, САД, преку Бајден, стави фокус и внимание кон Западен Балкан, фокус и внимание кон вредностите за кои се залага оваа Влада и испрати порака кон сите поткупувачи на овие демократски вредности дека навистина тоа што може САД да го направи, да блокира сметки таму, или да забрани патувања на другите, а не е малку, срамот некој нека го носи па нека му е со здравје ако се обидува и понатаму тоа да го прави“.

Дефинитивно, наведе, имаме ветер во грб сите што веруваме во демократијата, во слободите и во отстранувањето на девијантните појави во општеството.

Прашан кому е упатена оваа порака, Заев изјави дека текстот е многу јасен и чист и додаде оти во него може да се препознае прво дека почнува од Преспанскиот договор кој се вреднува. Секако, посчи, вреднува и Охридскиот рамковен договор, за кој оваа година славиме 20 години, резолуциите за Косово, Дејтонскиот за БиХ итн.

-Тоа се договори сите создадени на барање на помош од пријателите, меѓу кои секогаш биле САД. Затоа напорите кои се направени се навистина за обезбедување и гарантирање добра иднина на Балканот и таа до денеска е гарантирана. Нема нови војни, нема најави за нови војни и тоа е многу значајно, но не е доволно, нагласи Заев.

Според него, потребно е уште да се унапредат правата, слободата, транспарентноста, отчетноста, одговорноста…, се што е важно за едно демократско општество.

-Посочено гледам токму кај оние што се борат против тоа, односно на директен или индиректен начин гледаат да го минираат, да го оспорат, да го блокираат сета тоа што претставува извесна иднина, единствена според мене на Западен Балкан и на Северна Македонија, посочи Заев.

 

 

извор цивилмедиа.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

June 16, 2025

Презентиран Договорот за финансирање на заедничките активности: Владата и донаторите треба зедно да ги дефинираат клучните проекти за граѓаните

June 16, 2025

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до Основното јавно обвинителство во Кочани за средба со обвинителите

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првпат во историјата жена ќе раководи со Британската разузнавачка служба МИ6

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk