ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска на конференцијата на МOТ во Женева: Владата ја задржа економската стабилност и спречи губење на работните места

June 10, 2021 09:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска преку видео-врска вчеравечер, ​се обрати на 109-та сесија на Меѓународната конференција на трудот, што се одржа во Женева, на која ги сподели искуствата на Република Северна Македонија во справувањето со пандемијата Ковид-19 и последиците предизвикани од неа.

Годинешната конференција е во знакот на предизвиците со кои светот се соочува при справувањето со пандемијата Ковид-19.

Истакнувајќи ги двата врвни приоритети на Владата на Република Северна Македонија во изминатиов период, поддршка на компаниите за зачувување на секое работно место и помош на најранливите категории на граѓани за полесно пребродување на кризата, министерката Шахпаска потенцираше дека Владата успеа да ја задржи економската стабилност во државата и да спречи губење на работни места.

„За таа цел креиравме шест пакети на економски мерки  во консултација со  социјалните партнери. Мерките беа така подготвени да одговорат на суштинските потреби на компаниите, притоа водејќи сметка за почитување на работничките права и грижа за здравјето на работниците. Економско  социјалниот совет како трипартитно тело составено од претставници на работниците, работодавачите и Владата беше клучното тело низ кое поминаа,  се доуредија,  шесте пакети мерки вредни една милијарда  двесте и шеесет милиони евра кои ги насочивме на еден транспарентен и инклузивен начин согласно потребите на работниците и работодавачите“, рече  министерката, Јагода Шахпаска, во своето обраќање.

Меѓународната организација на трудот е единствената трипартитна агенција на ООН, од 1919 година, и ги обединува владите, работодавачите и работниците од 187 земји-членки.

Главните цели на Меѓународната организација на трудот се промовирање на работничките права, поттикнување на пристојни можности за вработување, зајакнување на социјалната заштита и зајакнување на социјалниот дијалог. Членството на Република Северна Македонија во МОТ ја потврдува и ја помага заложбата на Владата за градење на еднакво општество за сите, почитувајќи ги работничките права и зацврстувајќи го социјалниот дијалог во државата.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Заев денеска во Тирана на Самитот на земјите од Западен Балкан

НАЈНОВО

„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025
фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk