ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска: Декретот покажува дека интересот на САД кон Западниот Балкан не е изгубен, туку се зајакнува

June 10, 2021 13:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Декретот на американскиот претседател Џо Бајден покажува дека интересот на САД, еден од нашите најблиски сојузници, кон и за Западниот Балкан не е изгубен, туку напротив се зајакнува, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање, по воената свеченост на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) со која се одбележува Денот на единицата.

Според Шекеринска Декретот испраќа две пораки – дека договорите кои обезбедија решение на проблемите на Балканот се влог во безбедноста на Балканот и дека од сите земји во поширокиот регион очекуваат силна борба против корупцијата.

– Сите нив, меѓу кои и Преспанскиот договор, САД ги доживуваат, ги толкуваат и ги сметаат за гаранција за безбедноста и стабилноста на овој регион. Втората порака е дека не е доволно само да ги решавате политичките проблеми, туку дека од сите земји во поширокиот регион очекуваат силна борба против корупцијата. Мислам дека и двете пораки кои ги испраќаат САД се добредојени за сите нас кои што посакуваме да живееме во подобар регион, кој што не е само дел од евро-атлантското семејство и НАТО, туку е дел од една евро-атлантска култура на владеење на право, на демократски вредности, слободни медиуми, кои носат просперитет, изјави Шекеринска.

Проблеми со Декретот, нагласи таа, може да имаат само оние што ловеа во матно и се трудеа или се трудат да ја дестабилизираат државата.

– Јасна е пораката дека ангажманот ќе продолжи и дека тој ангажман нема да биде само зад затворени врати, туку ќе биде експлицитен и јавен, нагласи Шекеринска.

извор: МИА

Next Post

Министерката Шахпаска на панел дискусија „Телесна автономија-основа на човековите права“: Унапредувањето на човековите права, вклучително и сексуалните и репродуктивните права на жените е наша заложба на која посветено работиме

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk