Владата им излезе во пресрет на општините кои долги години тонеа во долгови, преку обезбедување 50 милиони евра неповратни средства, што им овозможи да се посветат на планови за развој на локалната самоуправа, изјави вечерва во Скопје премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на граѓанска трибина организирана од партијата под мотото „Најдоброто за нашата општина“.
До крајот на 2021 година ќе овозможиме најмалку 30 отсто од органите на државната управа да имаат воведено електронски систем за автоматизација на административни постапки, а до крајот на 2024 година системот да биде воведен во сите органи на државната управа, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација.
Бугарија е отворена за активен дијалог и во изминатите денови се прави се што е можно од бугарска страна, како и од страна на Северна Македонија, за градење позитивна атмосфера и обновување на довербата во билатералните односи, ова го порачал шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев на средба во Софија со неговиот чешки колега Јакуб Кулханек.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека се обезбедени средства за лекот што го примаат три деца со дијагноза цистична фиброза и додаде дека се чекало по завршувањето на терапијата да се видат резултатите.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска одржа средба со претставници на Фондот за иновации и технолошки развој, стартап заедницата и иноватори, МАСИТ и научните институции кои работат на полето на иновацијата и технолошкиот развој.