Делчевската полиција трага по 51 – годишниот колега (Т.С), кој последен пат е забележан на пред два дена кај месноста „Улив” во атарот на село Илиово каде често одел на риболов.
Полицаецот утрово е пријавен за исчезнат по што е започната потрага од страна на МВР.
Исчезнатиот често рибарел на оваа локација, а во четвртокот на ова место дошол со своето возило кое е пронајдено во близина на местото. Повеќе детали за текот на потрагата од МВР најавија за вечерва.