ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Мрачни финансии“: анатомија на илибералниот груевизам – колумна на Љупчо Поповски за ДВ

June 12, 2021 10:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Има малку книги во кои систематски и на анатомски начин е претставен авторитаризмот во Македонија за време на владеењето на Никола Груевски. Една од нив е „Заробена држава“ на долгогодишниот новинар и аналитичар, Манчо Митевски, издадена во 2017 година, во која тој ги детализира сите фази на она што го оквалификува како „политички организиран криминал“. Објективно, Македонија е на маргините на Европа, иако е дел од нејзиниот центар. Деценискиот спор со Грција беше една од препознатливите одредници за нашата држава (ако го исклучиме мирното заминување од СФРЈ и конфликтот од 2001 година), а потоа се најде на насловните страници на многу светски медиуми и во критичките опсервации на стручни списанија со дизнилендскиот проект „Скопје 2014“, пишува авторот на колумната „Мрачни финансии“: анатомија на илибералниот груевизам, Љупчо Поповски за DW на македонски јазик.

Потсмевот за потрагата по нов национален идентитет длабоко во антиката поттикна многу странски политички истражувачи и научници да погледаат подлабоко зад гипсените фасади и да дознаат каков тоа режим се решил да примени генетски инжинеринг. И дали зад античко-барокно-неокласицистичката бркотница во центарот на Скопје во основа се крие нешто друго: етаблирање на нова олигархија која сака да ги држи сите узди на финансиските текови во свои раце преку политичката моќ.

Еден од резултатите на овие научни истражувања е книгата Фабио Матиоли „Мрачни финансии: неликвидност и авторитаризам на маргините на Европа“. Матиоли е предавач по социјална антропологија на Школата за социјални и политички науки на Универзитетот во Мелбурн. Неговиот интерес за научно проучување на груевистичките години не е поврзан само со оваа книга, тој има објавено петнаесетина научни статии за она што го нарекува „авторитаризмот во Македонија“ во различни списанија – од научни до политички. Трудот „Мрачни финансии“ (248 страници) на некој начин е врв на целото тоа негово истражување за годините на груевизмот. Книгата на Матиоли ја издаде престичниот американски универзитет Стенфорд во 2020 година.

Кит Браун од Државниот универзитет на Аризона го напиша ова за „Мрачни финансии“: „Ова е една од најпривлечните, најубедливите и најстудените анализи за местото на Северна Македонија во глобалната економија и циничната експлоатација на народот од неговата избрана влада, што сум ја прочитал во последната деценија“.

Каков збир на одлуки се финансиите

Во најавата за излегувањето на книгата самиот Матиоли напиша: „Мојата претстојна книга ‘Мрачни финансии’ опишува како финансиската експанзија влијаеше на демократијата за време на глобалната финансиска криза, фокусирајќи се на студијата за случајот на Северна Македонија“.

Универзитетот Стенфорд вака ја претстави книгата на Матиоли: „’Мрачни финансии’ нуди еден од првите етнографски извештаи за финансиската експанзија и нејзините политички влијанија во Источна Европа. Следејќи ги работниците, менаџерите и инвеститорите во македонскиот градежен сектор, Фабио Матиоли покажува како финансирањето може да ги зајакне авторитарните режими – не со тоа што парите ќе бидат достапни за секого, туку дозволувајќи ѝ на мала група олигарси да го монополизираат пристапот до меѓународниот кредит и да промовираат каскада од експлоатациски односи со внатрешниот долг.

Пејзажот на неуспешни зделки и неостварливи соништа, кој е претставен во оваа книга, ги прикажува финансиите не како единствен, технички процес. Наместо тоа, Матиоли тврди дека финансиите се збир на политички и економски односи што ги заплеткуваат граѓаните, еврократите и работниците во напнати парадокси. Матиоли го следи потеклото на неликвидноста во реорганизацијата на европскиот проект и постсоцијалистичката перверзија на социјалистичките финансиски практики – опасна мешавина што ја криеше слабоста на македонскиот режим зад фасадата на урбано обновување и, за една деценија, го правеше секаде присутен и непобедив. ‘Мрачни финансии’ опишуваат како по еден лош договор авторитарниот режим на Македонија се возеше на бранот на финансиска експанзија што го продлабочи неговиот пристап во македонското општество, за да открие дека неговата доминација, како и сите шпекулативни меурчиња, се тетеравеше на работ на колапс“.

Како го опишува Фабио Матиоли авторитарниот режим на Груевски и како се градеше неговата мрежа на влијание и како преку финансиите се претвори во илиберална демократија?

Книгата е поделена на шест поглавја: Магијата на градењето, Периферно финансирање, Принуден кредит и компензација, Неликвидни времиња, Шпекулативна мажественост, Финансиите и пиратската држава.

Љупчо Поповски, автор на колумната

Во центарот на сѐ е „Скопје 2014“

Матиоли елаборира дека централниот столб на нелибералната економска архитектура на Груевски беше мега-проектот „Скопје 2014“ и мрежата за јавни набавки зад него. Иако тој јавно беше наменет за кокетирање со античкото наследство, градењето на нови идентитет и политички симбол за развој, Матиоли пишува дека вистинската цел на проектот беше да ги поврзе олигарсите со Груевски. За урбаната средна класа, градбите во центарот на Скопје беа непријатни и навредливи, но за работничката класа тоа значеше нови работни места.

Во книгата се наведува дека најважниот сојузник на Груевски е Сашо Мијалков и се осврнува на улогата на неговиот татко како претставник во странство на голема компанија. Јордан Мијалков е само еден од примерите, вели Матиоли (без оглед што почина рано) кои со дубиозни финансиски постапки на преминот од еден систем во друг успеаја во постоцијалистичкото време да го трасираат патот кон подоцнежните илиберални финансиски практики. Матиоли нагласува дека по големиот бран на приватизацијата во 1990-тите години Груевски уште како министер за финансии во првата влада на ВМРО-ДПМНЕ почнува да ја гради алтернативната олигархиска мрежа наспроти онаа на СДСМ.

Извор: DW на македонски јазик

Next Post

Заев: Сработивме и направивме сè, ги исполнивме сите критериуми, на ред е ЕУ да испорача

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk