ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Мал број нови случаи од Ковид-19, болниците затвораат дел од капацитетите наменети за ковид пациенти

June 13, 2021 09:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Дваесет и еден нов случај на КОВИД-19 од направени 4370 тестирања, еден починат и седум оздравени пациенти се регистрирани вчера. На инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава вкупно се лекуваат 101 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот и има околу 530 празни болнички кревети во ковид центрите. Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. Вакцинацијата против Ковид-19 се одвива непречено, соопшти Министерството за здравство.

Според податоците од МЗ, шест од 21 новодијагностицирани се од Кичево, по четворица од Скопје и Тетово, двајца од Прилеп и по еден нов случај има во Битола, Велес, Дебар, Куманово и Охрид.

Починатото лице е 72-годишен кумановец, кој починал во болнички услови. Четворица од седумтемина оздравени се од Скопје, двајца од Кичево и еден од Струмица.

Активни случаи на КОВИД-19 во земјава има 438, од кои 189 се во Скопје.

Како што соопшти Министерството за здравство, вчера во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани четворица нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Четворицата пациенти биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, додека на Институтот за ТБЦ и во ГОБ „8 Септември“ немало приеми на нови пациенти.

На инфективните одделенија во главниот град вкупно се лекуваат 36 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19. Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат двајца пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 12 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 22 пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Вчера дома биле пуштени седуммина оздравени пациенти.

Во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 65 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани четворица пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани четворица пациенти. На инфективното одделение во Тетово има двајца пациенти, во Велес се лекуваат седум болни, а во Куманово 16 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано седум пациенти, во Прилеп двајца, во ковид центарот во Гостивар осуммина, а во Струга петмина болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се девет пациенти, во Кичево еден и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Од почетокот на епидемијата во земјава, бројот на КОВИД-дијагностицирани достигна 155 528 од вкупно направени 831 031. Починаа 5471, а оздравени се 149 619 пациенти.

Вакцинацијата против Ковид-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а интересот за вакцинација секојдневно се зголемува. До вчера бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 448.502 граѓани, информираа од Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 255.808 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.477 граѓани, а вкупно се вакцинирале 11.431 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 442.928 дози вакцини, а ревакцинирани се 187.120 граѓани.

Со последните бројки барем една доза вакцина имаат примено 48 отсто од граѓаните над 70 години, 42 проценти од оние над 65 години и 35 отсто од населението над 60-годишна возраст.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Во Велика Британија украдена виолина стара околу 280 години

June 25, 2025

(ВИДЕО) Нова видеоигра „Титаник“, каде што треба да се избега од бродот

June 25, 2025

Измени на Законот за воздухопловство, предлог да се зголеми на шест години финансиската поддршка за нови авиолинии

June 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вучиќ фатен со рацете во медот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Трамп повторно ја одби понудата на Путин за помош со Иран: Ми треба помош со тебе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Предавство“ – Трамп, Хегсет и Виткоф за протекувањето на разузнавачки информации што ги поткопaа нападите врз иранските нуклеарни постројки, инсистирaат дека тие се „збришани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и тужбата против Џабир Дерала: Случај што го разгорува прашањето за слободата на медиумите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Нешто непознато“ го погоди клучниот руски објект за беспилотни летала во Таганрог во бранот напади на украински дронови во повеќе региони на Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk