ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Општина Центар во целост го разбира најавениот протест, отстранетите дрва на улицата „Орце Николов“ ќе се заменат со нови

June 13, 2021 09:32
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Центар ја информира јавноста дека останува посветена на остварување на заложбите за создавање на чиста, уредна и еколошка општина, општина која треба да претставува пример за другите општини во државата и оттука, во целост го разбира најавениот протест за денеска на граѓаните по повод сечењето на дрвата на улицата „Орце Николов“ и потполно го поддржуваме правото на слобода на говор и изразување.

Во однос на барањата упатени до нив од организаторите на протестот, „Зелен хуман град“, Општина Центар појаснува неколку, како што се наведува во соопштението, дилеми кои изминатите денови кружат во јавноста.

-Издадено е решение за отстранување на 13 дрва, од кои отстранети се осум, по претходно извршени испитувања од надлежните стручни служби, каде е утврдено дека се работи за стари, болни и оштетени дрва. Крошните на дрвата чии гранки се кршеа при секое поголемо невреме во градот претставуваа опасност за граѓаните и минувачите. Во повеќе наврати до општината од жителите од околните згради има пристигнати писмени барања за отстранување на дрвата. Оние дрва што се отстранија, ќе се заменат со нови, висококвалитетни садници, а за останатите ќе се бараат дополнителни решенија, потенцираат од Општината.

Проектот за улицата „Орце Николов“ веќе две години е изложен на увид во Општина Центар, објавен е на општинската веб страна, неколку пати е објавуван и во јавноста и сите засегнати граѓани можат да дојдат во општината и лично или електронски, на следниот линк, да се уверат во содржината на истиот, наведуваат од Општината.

Извршена е ревизија и проектот за улицата „Орце Николов“ ги има поминато сите фази на контрола при изработката, а крајната цел, велате од Општина Центар, е граѓаните да добијат квалитетна и безбедна реконструирана улица.

-Еден од приоритетите на работата на Општина Центар и на градоначалникот Саша Богдановиќ е заштитата на животната средина. Со носењето на новите осум ДУП-ови успеавме да сочуваме 13.000 метри квадратни урбано зеленило, паркови и зелени површини и ја воведовме обврската за обезбедување на 20% зеленило во секоја градежна парцела. Политиките за зазеленување на општината се евидентни со сите наши активности и проекти, меѓу кои и замената на старите фасади со нови, еколошки и ефикасни, проектот „Цел Центар на точак“, поставување на енергетски-ефикасни фасади на детските градинки и училишта, Зелената еко зона на Сквер Јадран, но и со секојдневното одржување и обновување на уличното и парковското зеленило во надлежност под општината, се потенцира во соопштението.

Општина Центар, се посочува во соопштението, останува на ставот за зачувување на целиот дрворед на улицата „Орце Николов“, отстранетите дрва ќе се заменат со нови, а Центар, Скопје и граѓаните ќе добијат нова, квалитетна и безбедна улица.

Next Post

Иво Јован Димовски - апсолутен шампион на Белградскиот спринт триатлон, 11 медали за „Триоги рејсинг“

НАЈНОВО

Скриншот

Џенифер Лоренс: Славните не менуваат ништо – можеби е време да замолчам за Трамп

November 2, 2025
Скриншот

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

„6-7” прогласено за „Збор на годината“ – иако не е ниту збор

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk