ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Рама: Албанија во 2030 година ќе ја однесеме на врвот, таму каде што заслужува да биде

June 13, 2021 18:30
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

На вонредниот конгрес на Социјалистичката партија, што заврши доцна синоќа, како што беше најавено, лидерот Еди Рама зборуваше за третиот мандат и за Албанија во 2030 година.

Денес и во иднина, порача тој, имаме обврска кон земјата, кон децата, во текот на третиот мандат да обезбедиме историски скок.

-Како таква, оваа историска победа ни донесе историска одговорност. Реализација на обем на одлуки, реформи и конкретна работа за да до крајот на оваа деценија да Албанија се искачи на врвот што Албанците и го заслужуваат. Земја според стандардите на ЕУ, земја во која слободата и правдата зрачат со нашето европско припаѓање на секојдневната реалност, земја-шампион во овој регион на Европа, со енергија, туризам, земјоделство и јавни услуги. Земја со високо национално и меѓународно достоинство каде Албанија е секогаш прва. Ова е Албанија од 2030 година и ова е нашата мисија, порача Рама.

Секако, додаде, односите со сојузниците и стратешките партнери се заемно корисни.

-Не започнува со третиот мандат, но ние ќе го унапредиме третиот мандат со нова свест, јавна комуникација, односи со политичките ривали. Но, не заборавајќи ни за момент на односите со јавноста во секојдневната работа. Третиот мандат треба да означи ново отворање кон луѓето во оваа земја, вклучително и со нова институција, Национален совет кој ќе го слуша секое прашање проблем на народот, најави тој.

Кажа дека за прашања од посебен национален интерес, ќе се консултираат со сите граѓани, без политички, верски и регионални разлики кои ќе сакаат да се изразат преку Националниот совет.

Категорично порача дека Социјалистичката партија нема да служи како покритие за ниту еден министер, директор или раководител на кој било сектор, ако стане предмет на истрага на судските органи.

Тој рече дека единственото нешто што ќе биде одговорност на СП, ќе биде односот откако правдата ќе зборува, додавајќи дека реформата во правдата е црвена линија со сите нејзини противници.

На Конгресот што се одржа во арената „Air Albania“ пред три илјади делегати се обратија повеќе говорници, посебно емотивно беше обраќањето на Меги Фино, ќерката на Башким Фино еден од најзначајните фигури во партијата, кој на крајот на март годинава почина како последица од Ковид -19. Рече дека од денес станува член на партијата и продолжува по стапките на татка си.

Посебно изненадување беше одлуката на Грамоз Ручи, актуелниот собраниски спикер, кој соопшти дека по завршување на мандатот во парламент, се повлекува од политиката, што подразбира негово откажување од пратеничкиот мандат што го освои на последните избори.

На овој значаен ден, кога се слави и 30-годишнината од постоењето на оваа политичка сила, не беше отсутен Фатос Нано, еден од најзначајнте фигури на социјалистите кој беше убеден дека со Еди Рама и благослов од Бога, социјалистите ќе постигнат многу, како што е и третиот мандат по ред. Нано на чело на партијата беше од 12 јуни 1991 до трети јули 2005 годна, кога лидерската функција ја презеде Рама.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Италија бележи рекордно ниска стапка на наталитет, пазарот на производи за деца е на работ на колапс

May 14, 2025
Генерирано со ВИ

(ФОТО) Шимпанзата користат растенија за лекување на рани

May 14, 2025

Царината спречила шверц на лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, цигари…

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk