ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска на Форум на политики за рурален развој: Преку политики и мерки ја менуваме улогата на руралната жена и придонесуваме за руралниот развој

June 14, 2021 13:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Наша заложба како Министерството за труд и социјална политика е преку креирање на законски решенија, како Законот за родова еднаквост, Законот за спречување и заштита од дискриминација и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, да придонесеме жените подеднакво да учествуваат во креирањето и воспоставувањето на улогите во општеството“, подвлече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на регионалниот Форум на политики за рурален развој, во организација на Балканската мрежа за рурален развој, којшто  се одржа во Охрид.

„Руралните  жени се соочуваат со социјалната исклученост, невработеност, родова дискриминација, нееднаква распределба на приходите и ресурсите, доминација на традиционалните  норми, лишување од сопственост на земјоделско земјиште и имот, лишување од право на платено родителско отсуство, ограничени пристапи и понуда на образование, информации, здравствена заштита, јавни и социјални услуги“, рече  министерката Шахпаска обраќајќи се на Форумот, потенцирајќи ја  заложбата на Владата на Република Северна Македонија, во градењето  на општество со еднакви можности за жените и мажите.

Таа го посочи како поразителен  податокот дека, околу 62% од руралните жени не се активни на пазарот на трудот заради ангажирање во домаќинството и грижа за деца, а 47% од невработените рурални жени вршат неплатена работа во семејни фарми.

„Преку изградба на нови детски градинки, домови за стари лица, децентрализација на социјалните услуги, ја менуваме улогата на руралната жена, овозможуваме нејзино активно учество на пазарот на труд“, потенцираше министерката.

Таа истакна дека Министерството за труд и социјална политика  подготвува нова Стратегија  за родова еднаквост 2021-2026 година, чија цел е  унапредување на  положбата на жените во руралните средини.
Истовремено ја потенцираше соработката со Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство и  поддршката  на UNWomen  во креирањето на мерката  115 за финансиска поддршка  на жени земјоделки, која има за  цел   подобрување на   економската положба на жените, зголемување на  бројот на регистрираните  жени, а со тоа  подеднакво  и тие да придонесат во развој на земјоделството .

Како особена значајна беше посочена и директна поддршка на младинското и женското претприемништво преку грантови во висина од 5000 до 15000 евра за почеток на сопствен и нов бизнис, ослободување од плаќање данок на сите новосоздадени приватни претпријатија, формирани од млади до 30 години или жени и вклучување на жени кои немаат приходи и се над 65 годишна возраст во системот на социјална заштита.

Министерството е носител на првата Национална стратегија за развој на социјалните претпријатија коишто овозможуваат  пристап до  работни места,  интеграција и реинтеграција во заедницата, градење на самодоверба, развој и вклученост во заедницата.

„Како Министерство за труд и социјална политика и Влада на Република Северна Македонија продолжуваме со политиките кои значат еднакви можности за жените и мажите , еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење“, подвлече Шахпаска.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Кој е Роберт Превост, новиот папа?

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Избран новиот папа: Лео XIV првиот американски папа во историјата

May 8, 2025

(ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Галоп на полжавите во изборна година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аналитичари сметаат дека Мицкоски спроведува етничка програма во мултиетничка држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk