ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски на Финалната планирачка конференција за реализација на првата „НАТО-ЕАДРЦЦ“ меѓународна вежба

June 14, 2021 11:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Ми претставува особена чест и задоволство во мое и во име на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија да ве поздравам, да ви посакам срдечно добредојде во Охрид и успешна и продуктивна работа на Финалната планирачка конференција за реализација на првата „НАТО-ЕАДРЦЦ“ меѓународна вежба од овој вид и со ваков карактер, која е планирана да се  реализира во септември во нашата држава, рече министерот Оливер Спасовски во поздравното обраќање на отварањето на финалната планирачка конференција.

 

„Заедничките евроатлански вредности претставуваат основен сегмент и суштински двигател на меѓусебно приближување на државите од регионот и надминување на сите бариери од минатото. Оттука, сосема логично се очекува сите земји во регионот посветено да се сосредоточиме кон заедничките вредности и цели насочени на превенирање на конфликтите, одржување на мирот и стабилноста, владеење на правото без исклучок, со почитување на меѓународното право, заштита на човековите права и слободи и мирно решавање на сите спорови и недоразбирања, бидејќи само така можеме да обезбедиме гаранција за просперитетот, одржливоста и стабилноста на државите. Република Северна Македонија во последниов период покажа на дело дека тоа не само што е можно и посакувано, туку е единствено прифатливо решение за современите предизвици. А кога сме веќе кај справувањето со предизвиците од поново време, со кои се соочуваме како држави, меѓу кои би ги споменал: организираниот криминал, нелегалната миграција, компјутерскиот криминал и сајбер нападите, лажните вести и, секако, насилниот екстремизам и тероризам, пандемијата со Ковид-19, за нив е неопходен современ, регионален пристап и заедничка стратегија за делување.Како одговор на ова, сценариото на вежбата предвидува во неа да бидат вклучени: елементарна природна непогода, организиран криминал, нелегална миграција, компјутерски криминал и сајбер напади, лажни вести, спасување и укажување на помош на граѓаните при епидемија со вирус, кои претставуваат одлична основа за развивање на капацитети и способности за соодветно спротивставување, сузбивање на овие криминални дејствија и преземање на конкретни мерки и активности“, рече министерот Спасовски.

Цивилната подготвеност и одржувањето на континуитетот на функционирање на институциите при справување со кризни и сложени безбедносни состојби е од круцијално значење и основна обврска на членките на НАТО Алијансата при градењето на отпорност кон сите закани и предизвици, постигнување на интероперабилност и заштита на животот, имотот и личната сигурност на граѓаните. Бидејќи безбедносниот систем е основа на функционирање на правната држава!

„Министерството за внатрешни работи, согласно својот делокруг на надлежности, токму во безбедносната сфера во последниве неколку години презеде низа активности поврзани со целосна реформа на овој сектор, а како интегрален дел на Системот за управување со кризи е во постојана комуникација, координација и соработка со останатите субјекти кои се дел од овој систем. Притоа, уште еден чекор понапред претставува дигитализацијата на Системот за управување со кризи во Република Северна Македонија, со примена на веб базираната алатка NICS (Next Generation Incident Command System), што секако ќе придонесе за унапредување на комуникацијата и координацијата помеѓу субјектите кои се дел од Системот за управување со кризи“, рече Спасовски, потенцирајќи ја максималната поддршка за успешна реализација на Првата меѓународна НАТО вежба од ваков вид, со уверување дека Министерството за внатрешни работи во континуитет ги презема сите мерки и активности за нејзини непречени подготовки.

 

Next Post

За два часа и 19 минути охриѓанец истрча од Попова Шапка до Титов Врв и назад

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk