ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Отец Здравески шири лаги за составот на вакцините против ковид-19, МПЦ поддржува вакцинација

June 14, 2021 12:11
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Антивакцинален став базиран врз лажно твдење за составот на вакцините беше пласиран од страна на свештеник на МПЦ-ОА. Проверката на факти покажа дека тврдењата на отецот се невистина, пишува „Вистиномер“ во својот нов текст, што го пренесуваме во целост подолу.

Отец Стеван Здравески од Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ-ОА, во изјава за Сител телевизија, говорејќи за вакцините против ковид-19 го кажа следното:

Во вакцините има клетки од абортирани дечиња. Црквата е против абортусот и ако мислиме само на нашиот живот и се вакцинираме, а за тоа пострадале невини суштества во утробата на својата мајка и тоа не по нивна воља туку по воља на некој друг. И сега тие се жртва за ние да се вакцинираме и да примиме здравје. Јас сум против тоа. И секој што се вакцинира го прифаќа и одобрува абортусот. Тоа е една од причините, а ги има многу. Друга причина е што тие што повикуваа на намалување на населението, сега гледаме како вложуваат во вакцините.

[Извор: Сител телевизија Дата: 08.06.2021]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ваквата негова изјава предизвика бурни реакции во јавноста, а истата содржи една голема лага.

Не е точно дека во вакцините против ковид-19 има „абортирани дечиња“, како што тврди отецот Здравески. Доколку отидете на официјалната страница на Фајзер, ќе видите дека во составот на нивната вакцина има мРНА, липиди, полиетилен гликол, фосфохолин, холестерол, калиум хлорид, монобазен калиум фосфат, натриум хлорид, дибазит натриум фосфат дихидрат и сахароза. Никаде не се спомнува „абортирани дечиња“, односно не е наведено дека вакцината содржи абортиран човечки фетус.

Како функционира мРНА вакцината?

Вакцината мРНА е транспортер на РНА генетски код. Тоа значи дека мРНА го користи само генетскиот код на вирусот. Вакцината мРНА се инјектира во телото и состојките влегуваат во клетките „упатувајќи им порака“ да почнат да прават антигени. Овие антигени се препознаени од имунолошкиот систем и со тоа ги подготвуваат клетките за борба против коронавирусот САРС-КоВ-2.

Понатаму, да го погледнеме составот на вакцината на „Астра-Зенека“. Информациите за тоа што содржи вакцината против ковид-19 се јавно достапни на сајтот на Универзитетот во Оксфорд и на официјалната веб страница на британската влада.

Активната состојка на вакцината на Астра-Зенека против ковид-19 е направена од модификуван аденовирус кој предизвикува настинка кај шимпанзата. Овој вирус е модификуван така што не може да предизвика инфекција, а служи за испорака на генетски код за спајк протеинот на коронавирусот, се наведува во објаснувањето на Универзитетот во Оксфорд.

На сајтот на Универзитетот е објаснето како во производството на вакцината се користи аденовирусот.

Процесот на производство на вакцината вклучува производство на вирусот, аденовирус, кој пренесува генетски материјал до ќелиите внатре во телото. За производство на тој вирус во лабораторија потребна е ќелијска линија на ‘домаќинот’. За некои вакцини, за овој процес се користат пилешки ќелии, а за други, за производство на вирусот се користат човечки ќелии.

Вакцината на АстраЗенека ја користи ќелијската линија која се нарекува ХЕК-293.

ХЕК-293 е назив кој се дава на одредени линии на ќелија која се користи во разни научни примени. Оригиналните ќелии се земени од бубрегот на легално абортиран фетус во 1973 година. ХЕК-293 ќелиите кои денес се користат се клонови на тие оригинални ќелии, но самите не се ќелии на абортиран фетус.

Значи, во оваа вакцина има модификуван аденовирус кој предизвикува настинка кај шимпанзата. Во вакцината нема генетски модифицирани клетки од бубрези од абортирани бебиња, туку станува збор за клонови од оригинални ќелии на легално абортиран фетус од 1970-тите.

Вакцината на Астра-Зенека, како и онаа на Фајзер, има состојки кои се вообичаени во вакцините. Тоа се сахароза и регулатори на киселост како што се хистидин и соли на натриум и калиум, се наведува на официјалниот сајт на Универзитетот во Оксфорд. Вакцината, исто така, содржи некои неактивни состојки како што се полисорбат 80, емулгатори и многу мала количина на алкохол (0,003 мг по доза). Во вакцината уште се наоѓаат и траги од магнезиум (3 до 20 делови на милион).

Информации за вакцината на кинеските вакцини Синофарм и Синовак може да се најдат на веб страницата на Светската здравствена организација (СЗО).

МПЦ ја поддржува вакцинацијата против ковид-19

Ставот на отецот Здравески е личен став и нема никаква врска со ставот на МПЦ. Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква ‒ Охридска архиепископија соопшти дека го поддржува процесот за имунизација на населението, сметајќи го за потребен во надминувањето на кризата со коронавирусот.

Од МПЦ велат дека овие ставови не се во согласност со православната вера. Светиот архиерејски синод, како што се посочува, „се оградува од изнесените лични ставови на свештеникот Стеван Здравески од Преспанско-пелагониската епархија искажани околу сесветската пандемија од ковид-19, што не се во согласност со учењето и исповедањето на православната вера“.

Од САС апелираат „до верниот народ, свештенството и монаштвото, да не бидат воведени во заблуда од ваквите погрешни ставови, внимавајќи и на пројавената намера за создавање култ од нечија личност“.

Поддршка за вакцинацијата против ковид-19, поглаварите на МПЦ, ИВЗ и Католичката црква изразија и на средбата со премиерот Зоран Заев која се одржа на 08.04.2021.

Поглаварите на сите верски заедници ја поддржуваат вакцинацијата против ковид-19 и заеднo ги повикаа сите граѓани да се пријават за вакцина, со што ќе дадат придонес во сочувувањето на своето и на јавното здравје, соопшти Владата по денешната средба на премиерот Зоран Заев со лидерите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископијa aрхиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, на Исламската верска заедница Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи и на Католичката црква монсињор Киро Стојанов бискуп скопски и струмичко-скопски епарх.

Имајќи го предвид сето погоре изнесено, можеме да заклучиме дека изјавата на отецот Стеван Здравески, дека вакцините содржат „абортирани“ дечиња, е невистина, пишува „Вистиномер“ во својот нов текст.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СБ на ОН: САД ја поддржуваат израелската самоодбрана и го предупредуваат Иран да не ги напаѓа американските сили

June 13, 2025

САД му помогна на Израел да пресретне ирански ракети, Нетанјаху со закани кон Иран – „уште повеќе се на пат“

June 13, 2025

Ракетни напади на Иран ги тресат зградите во Израел, има повредени

June 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија поведе против Молдавија во Дејвис купот, Мицов го донесе првиот поен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Каја Шукова на НоваТВ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема план ни за со ЕУ, ни без ЕУ, и тоа сериозно треба да ги загрижи граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk