ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Денеска пристигнуваат 20.000 дози од вакцините AстраЗенека од Грција

June 15, 2021 08:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Вакцините кои Грција ги најави како помош за Северна Македонија, денеска се очекува да пристигнат во Скопје. Станува збор за донација од 20.000 дози „АстраЗенека“, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што вчера објави МИА, информацијата од Атина ја потврдија и од Скопје, а министерот за здравство Венко Филипче, синоќа, преку Фејсбук за донацијата коментираше дека е „одлична вест од соседна Грција“ и му се заблагодари на грчкиот народ.

– Оваа донација е многу значајна за нас и би сакал да изразам голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Н.Е. Русос Кундурос. Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек. Апелирам што поголем број граѓани да се пријават на vakcinacija.mk, напиша на Фејсбук доцна синоќа министерот Филипче.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на крајот од мај од Брисел најави дека се разгледува можноста за директна билатерална помош за соседните земји, а неколку дена подоцна министерот Филипче соопшти дека Северна Македонија очекува 70.000 дози вакцини, од кои 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција. Портпаролката на грчката Влада, Аристотелиа Пелони на почетокот на месецов, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на редовниот брифинг со новинарите, потврди дека Грција во координација со Европската комисија, ќе испрати по 20.000 дози од вакцините за Северна Македонија и Албанија.

Вакцините од Атина за Тирана беа испратени вчера, а пратката за Скопје ќе пристигне денеска.

Министерството за здравство синоќа информира дека вчера во земјава пристигнала нова пратка од вкупно 12.870 дози вакцини „Фајзер“, додадвајќи дека станува збор за редовната пратка која земјата ја добива секој понеделник.

Од вакцините, 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а  4.680 во рамките на програмата „Тим Европа“./МИА/.

Next Post

Прв Самит на НАТО на кој земјава учествуваше како полноправна членка

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk