ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Официјално отворена Амбасадата на Северна Македонија во Братислава

June 15, 2021 15:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи денеска во Братислава официјално ја отвори Амбасадата на земјава во Словачка, во присуство на неговиот словачки колега, министерот за надворешни и европски работи Иван Корчок.

– Сигурен сум дека овој нов убав и топол дом на Северна Македонија во Словачка, ова катче ќе биде уште една точка преку која ќе ја развиваме нашата соработка, еден вид хаб низ кој ќе проаѓаат бројни идеи, проекти, иницијативи кои се од заеднички интерес за граѓаните на двете земји. Северна Македонија и Словачка и досега развиваа исклучително позитивни и квалитетни билатерални односи, но сакам да верувам дека со денешниот чин влегуваме во едно ново поглавје на интензивни билатерални односи помеѓу нашите две земји. Убеден сум дека преку Амбасадата ќе го засилиме нашето пријателство кое е во постојан подем; ќе бидеме и фактички многу поблиски, поврзани и секако поефикасни во реализација на нашите амбиции, истакна Османи.

Како што соопшти МНР. резидентното дипломатско претставување на Северна Македонија во главниот град на Словачка ќе даде дополнителен поттик за сестран развој на односите меѓу двете држави.

– Со отворањето на наше дипломатско-конзуларно претставништво во Словачка, напорите за обезбедување на поинтензивна комуникација, посебно на планот на економската соработка, културата, образованието, заштитата на интересите на нашите граѓани и мноштво други активности, ќе придонесат за нова димензија на квалитетот на меѓусебните односи, се наведува во соопштението на МНР.

Покрај размената на мислења за билатералните односи, отворањето на Амбасадата е искористено и двајцата министри да разговараат за најновите состојби, предизвиците и перспективите на процесот на нашата европска интеграција, а во светло на значајните одлуки кои претстојат за првата меѓувладина конференција и формалното започнување на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската унија.

– На тој пат, уште еднаш беше потврдена силната и гласна поддршка на Словачка за неодложен старт на преговорите за нашата држава, ангажман кој ќе продолжи и во наредниот период, стои во соопштението од МНР. Двајцата министри размениле мислења и за други теми од заемен интерес, за регионалната соработка, како и напорите за справување со последиците на Пандемијата и наредните чекори на овој план.

извор: МИА
Next Post

УПОЗ бара покачување и на платите на вработените во судовите, а не само на судиите

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk