ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Тотално апсорбирани од омразата и неспособноста

June 15, 2021 19:36
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Колку подобро за македонските интеграции, толку полошо за радикалите и криминалците во политиката. Тотално апсорбирани од омразата, ултрадесничарските политичари и нивниот пропаганден ентураж во континуитет ја покажуваат својата неспособност за учество во напредокот на земјата. Но затоа ја користат секоја прилика и неприлика да истурат лавини омраза и дискредитација на сметка на политичарите, експертите и граѓанското општество кои нудат решенија во клучните социополитички процеси за исполнување на македонските национални интереси.

Нивниот поглед е вкочанет, вперен кон Истокот (читај Кремљ), од каде што доаѓа поддршката во најразлични форми, не само како несмасно груби изјави.

И тогаш, со така вкочанет поглед, сликата се заматува. Од Истокот ништо добро ниту дошло, ниту ќе дојде, ама затоа е лош Западот. Во Русија никој не сака да оди да работи или да живее, но затоа Западот е империјалистички и неморален. Подобро е земјата да се распадне и да влезе во криза, сиромаштија, а зошто да не и војна, отколку луѓето да живеат во мир и стабилност, достоинствено и со почит едни кон други. Главната парола на ударничките трол бригади е: Колку поназад, толку подобро!

Северна Македонија е за првпат на Самитот на НАТО како полноправна членка, премиерот Заев се среќава со првите луѓе на најголемите и најразвиените демократии на светот и добива целосна поддршка за нашата земја. Но тоа „не заслужува“ внимание во медиумите блиски до десницата, а уште помалку некоја изјава, макар на пола уста, во знак на поддршка од шефовите на ултранационалистичките партии. Патриоти се нели? Или патриотизам е исклучиво тоа со кое се „прославија“ и во изминатите четири години: организирање и/или поддршка на Крвавиот четврток, насилство, бојкотирање, блокирање и опструкции на правдата… (за претходните години и да не говориме)

Можеби американскиот претседател Бајден срдечно се поздравува и разговара со македонскиот премиер Заев, но тоа не е ништо. Сетете се само на „историскиот настан“ кога Обама му намигна на екс-претседателот Иванов на молитвениот појадок во 2011 година. За колосалните меѓународни „успеси“ на оваа хард-кор клика може да се напишат многу стории. Ете, на пример, кога партискиот шеф на најголемата партија отаде прогресот и разумот, го „подкрепи“ договорот со Бугарија на средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов. Обаче, толку пријатна средба, Борисов дури и вода не му даде да се напие.

Се разбира, за нив донацијата од 20.000 вакцини против Ковид-19 од пријателска Грција е безначајна, на страна „фактот“ дека вакцините се „или со изминат рок или се чипирани“. А неуспешните блокади и протести против-ни-сами-не-знаат-што? Ах, тоа е само загревање пред некои наредни, исто толку „големи“ политички победи.

Сите се предавници, само тие се патриоти. Сите се шпиони, само тие се верни македонски синови и ќерки. Да бидеме коректни, бугарските пасоши не ги спомнуваме, нели? Само дека Бугарите ги мразиме, се разбира не повеќе од Албанците, а си ги сакаме само „нашите“. Колку и да не нè сакаат тие.

 


Creative Commons 4.0

Next Post

Шекеринска: Овој НАТО Самит беше историски за земјава

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk