ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бектеши – Качка: Ќе се извезуваат македонски производи без царина во Украина

June 16, 2021 13:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со многу конструктивни предлози од двете страни, кои ја одразуваат заедничката желба да се зајакне и продлабочи билатералната економска соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Украина заврши Третата седница на меѓувладината комисија по Договорот за македонската влада и украинската влада за трговска и економска соработка со која преседаваа министерот за економија Крешник Бектеши и заменик министерот за економски развој, трговија и земјоделство на Украина, Тарас Качка во улога на домаќин.

Изразувајќи го задоволството што по 12 години од одржување на Втората седница на оваа меѓувладина комисија министерот Бектеши рече традиционалното пријателство меѓу двете земји претставува предуслов и стабилна основа за соработката да продолжи со позитивен тренд во периодот што претстои во сите области од заеднички интерес, а посебно на економски план.

– Во последните две години односно пред пандемијата, успеавме за граѓаните на двете земји да им овозможиме безвизен режим за краткорочен престој од 90 дена, директен авио лет Киев-Скопје и обратно, како и збратимување на седум општини од Северна Македонија и Украина. Со ова се интензивира севкупната соработка, преку олеснување на деловните врски и контакти меѓу двете земји, како и развој на туризмот. Двете земји имаат исти приоритети, а тоа се евро-атлантските структури, при што од секаков вид на взаемна поддршка на патот кон придружување во евроатланските организации е добредојдена. Тоа се потврдува и со Планот за политички консултации што двете Министерства за надворешни работи го потпишаа пред пандемијата. Оваа година, двете земји во рамки на билатералните односи, успеаа да договорат нова либерализација согласно Договорот за слободна трговија. Се надевам во најскоро време ќе се потпише таа либерализација, бидејќи е значаен поттик за компаниите да можат да извезуваат голем број на производи кои се домашно производство, без царина или со намалена царина, истакна Бектеши.

Министерот информираше дека Северна Македонија веќе почна промотивна кампања за извозниот потенцијал на македонски производи и дека Украина е голем пазар за македонското вино и земјоделски производи, и во таа насока предложи за можност за промоција, учество на саеми и бизнис форуми.

Ги активиравме трговските односи по пат на измена на Договорот за слободна трговија со цел овозможување на високо ниво на трговска либерализација и олеснување на трговијата, следејќи ги обврските на двете земји поврзани со полноправното членство во Светската трговска организација. Со новата либерализација што ја договоривме за земјоделско-прехранбениот сектор, даваме можност нашите производи да добијат конкурентска предност бидејќи ќе се извезуваат без царина или со намалена царина. Најзначајната работа е што се укинаа квотите кои важеа од склучувањето на договорот за слободна трговија од 2001 година, со оглед дека истите покажуваа секоја година слаба искористеност, сега се дава можност, како што е чоколодото, виното, примарните земјоделски производи да се извезуваат на двете страни без квота и без царина, рече тој.

Заменик министерот Качка ги презентираше макроекономските показатели на земјата како и економските и трговските податоци помеѓу Северна Македонија и Украина. Напомена дека обемот на трговска размена е под силно влијание на пандемијата и глобалната економија.

– Според статичките податоци билатералната трговија помеѓу Северна Македонија и Украина во 2020 година е со пад од 35 отсто и изнесува вкупно 99,8 милиони евра во однос на 2019 година кога изнесувала 135,8 милиони евра, додека во првите четири месеци од 2021 година изнесува 51 милион евра, информираат од Министерството за економија.

Од Министерството потенцираат дека на крајот на еднодневните работни средби, на кои експертите од двете земји, ги договорија конкретните предлози за остварување на идни цели и за изнаоѓање на решенија за подобрување на условите за економска соработка, беше потпишан Протокол во кој се дефинирани новите можности на идната економска соработка

– Ценам дека наша заложба како ко-претседвачи е да ги подржиме нивните предлози и заедно да работиме на нивно остварување до следната Четврта седница. Ме радува фактот што се договорени конкретни работи. Договорено е се подготви и потпише работна програма за мобилност на научници, професори, стипендисти и др. помеѓу министерствата за образование на двете страни, денес се потпишаа две спогодби: едната за соработка во областа на млади и спорт, втората во областа на карантин и заштита на растенија, потоа пројавен е интерес да се склучи договор или меморандум во областа на стандардизација, метрологија и акредитација, да се продлабочи соработката во туризмот, транспорт, енергетика се одлични можности за соработка, посочи министерот Бектеши.

По потпишување на Протоколот на меѓувладината комисија од страна на министерот Бектеши и заменик министерот Качка, беше потпишана Спогодна за млади и спорт помеѓу Агенцијата за млади и спорт на Северна Македонија и Министерството за млади и спорт на Украина, а беше потпишана и Спогодба за соработка во областа на карантин и заштита на растенијата.

-Договорот за македонската влада и украинската влада за трговска и економска соработка е потпишан во 1998 година, наведуваат во соопштението од Министерството за економија .

извор: МИА
Next Post

Премиерот Заев е убеден дека струјата нема да поскапи

Shortcut

Најново

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026
Stylish Caucasian Female Project Manager Works Diligently on Laptop,Surrounded by Virtual Social Media and Connectivity Icons in a Modern,High-Tech Office Environment

ЦИВИЛ за Орбановиот медиумски блицкриг: Остра анализа за гушењето на слободните медиуми во Србија

August 18, 2026
Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk