ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ким Џонг-ун призна дека ситуацијата со храната во Северна Кореја е тензична

June 16, 2021 09:00
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека состојбата со храната во оваа изолирана комунистичка земја станува се потензична заради пандемијата на коронавирусот и последиците од минатогодишниот тајфун, соопшти денеска државната агенција КЦНА, пренесе ДПА.

На вчера отворената пленарна седница на Централниот комитет на Работничката партија, Ким ги повика официјалните лица да ја решат „состојбата со храната за луѓето”, која „сега е тензична”, наведува КЦНА.

На средба на највиоскиот партиски орган Ким кажа дека ова прашање е делумно предизвикано од неуспехот на земјоделскиот сектор да го исполни планот за производство на жито поради штетите предизвикани од минатогодишниот тајфун што ја погоди земјата.

Тој, исто така, на Севернокорејците им порача да се подготват за проширени ограничувања поради Ковид-19.

Според него, економијата во земјата во првите шест месеци од 2021 година покажала „подобрување во целина”, со раст на вкупно индустриско производство од 25 проценти во споредба со претходната година.

Како дополнение на серијата природни катастрофи, во кои беа вклучени поплави и штети од невреме, како и пандемијата на коронавирусот, земјата, исто така, е цел и на строги меѓународни санкции поради својата програма за нуклеарно оружје, пренесува ДПА.

Експертот за човекови права на ОН, задолжен за мониторингот на Северна Кореја, Томас Охеа Кинтана, во март пред Советот за човекови права (ХРЦ) кажа дека влијанието на пандемијата во оваа земја придонесува за „смрт од глад”.

И пред пандемијата на коронавирусот, повеќе од 40 проценти од населението во оваа земја немаше обезбедено резерви на храна, наведе Кинтана во претходниот извештај./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Национализмот и шовинизмот – општествен канцер

НАЈНОВО

Алиу: За еден ден против грип вакцинирани речиси 20 илјади граѓани

October 17, 2025
Скриншот

Трката за ГН на Формула 1 на САД ризична, можни системи за ладење на возачите

October 17, 2025
Фудбалски стадион на Јувентус

Јувентус под нова истрага од УЕФА

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk