ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Национализмот и шовинизмот – општествен канцер

June 16, 2021 09:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Предизвикан од она што се случува на и околу Европското фудбалско првенство и во јавноста, напишав дека национализмот е канцер за спортот. Повеќе коментатори додадоа дека национализмот не е канцер само за спортот, туку за секоја област во општеството. Апсолутно се согласуваме! И навистина, погледнете, можете ли да посочите област во општеството каде национализмот довел до прогрес, корист за општеството, напредок?

Напротив, никогаш не било така, ниту пак ќе биде. Национализмот е тука да дигне магла и прашина, да ги подели и сврти луѓето едни против други, да им измислува непријатели и да ги држи луѓето зафатени, односно, да создаде идеални услови за нивно ограбување и владеење на општеството од страна на хушкачите, незнајковците и криминалците.

Пцостите на Арнаутовиќ на адреса на Алиоски, но и обидите на некои структури од македонското политичко милје да го злоупотребат настапот на македонската фудбалска репрезентација на ЕУРО 2020 за „патриотско“ јуначење, плукање и поделби не беа неочекувани, не само за Младиќот и кристалната топка, туку за повеќето од вас, драги мои. Тие се последица на добропознатите причини и причинители.

Тие повторно го открија грдото лице и разорното дејство на национализмот и шовинизмот во спортот, што може да се спореди со дејството што го има канцерот и неговите метастази врз еден организам.

Од друга страна, веќе ви пишував за ова, данските и финските навивачи одржаа европска лекција за заедништво и солидарност за време на колабирањето на Кристијан Ериксен, откривајќи ни го убавото лице на фудбалот и универзални вредности, важни во секој спорт. Фер-плеј, емпатија, солидарност, заедништво. Човечност.

На овие простори имаме „богато“ искуство со национализмот и хулиганизмот во спортот и на трибините во 80-тите, предвесник на она што се случи неколку години подоцна. Дел од оние што дивееја на трибините завршија во крвавите војни во државите од бивша Југославија. Некои влегоа и во политиката. Такво нешто е незамисливо во една Данска или Финска, нели?

Но, на овие простори имаме и богато искуство, а богами и големи победи над национализмот и шовинизмот. Тие се дел од антифашистичката и народноослободителна борба во која се удрија темелите на нашата Република. Во таа победа учествуваа припадници на сите народи на Македонија, а наспроти нив, заедно со окупаторските војски, беа идеолошките предци на оние што денес обвинуваат други за „национални предавства“.

Такви значајни победи нашето општество знаело да однесе и подоцна. Последен пат го победивме национализмот и шовинизмот, поделбите, омразата и насилството што беа државна политика на режимот на Груевски, во секоја општествена пора. Го победивме тоа зло со врзани знамиња, со заедништво, солидарност, заедничка борба за еднаквост, слобода, за подобра иднина за сите.

Истите тие структури повторно се обидуваат да се повампират и да се вратат, преку секоја област, преку секој поважен процес или настан во општеството, па дури и преку спортот. Повторно со истите инструменти – пропаганда, лаги, кочења и опструкции, хушкања, омраза, поделби.

Иако некому  се чини доцна овој канцер да се спречи, апсолутно не е доцна, ниту да се спречи, ниту да се лечи. И да се победи повторно. Оти болеста може да победи само доколку добрите луѓе молчат и не прават ништо за да ја спречат и лечат. А лекот, како и секогаш се солидарноста, емпатијата, заедништвото меѓу луѓето.


НАПРАВИ РАЗЛИКА: ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Creative Commons 4.0

Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk