ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Социјалната реформа овозможува поголема заштита на ранливите категории граѓани и нивно активирање на пазарот на трудот

June 16, 2021 15:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Социјалната реформа која ја донесовме во 2019 година, донесе бројни придобивки за граѓаните од ранливите категории. Во време на пандемија го олеснивме пристапот до Гарантирана минимална помош и образовен додаток. Но, целта не беше само нивен влез во системот на социјална заштита, туку нивно препознавање и активирање на пазарот на труд. Заедно со УНДП и Агенцијата за вработување на Северна Македонија креиравме и реализиравме програми и мерки за обуки, практиканство, доквалификации, преквалификации, самовработување со цел овие лица да излезат поконкурентни и поатрактивни на пазарот на труд, рече министерката Шахпаска, на состанокот со заменик амбасадорот на Кралството Норвешка во Белград задолжен и за Северна Македонија, Гир Хакон Јохансен и Нарин Сакахјан, постојана претставничка на УНДП во земјава.

На состанокот, што се одржа по денешното отворање на новиот дел од објектот на  детската градинка „8 Април“, во Шуто Оризари, покрај за социјалната заштита, соговорниците разговарале и  за политиките и мерките кои се преземаат за припадниците на ромската популација, а се во насока на поголемо вклучување на децата во воспитно образовниот процес.

-Владата на Република Северна Македонија образованието на ромската популација го смета како приоритет во сите циклуси, од предучилишното образование, се до стекнување на универзитетска диплома. Нашата држава е лидер во нашето соседство со вклученоста на Ромите во предучилишно образование.  Преку, проектот за вклучување на деца Роми во детските градинки, секоја година бесплатно се вклучуваат по 400 деца од најранливата категорија на ромската популација, семејствата кои користат ГМП, а истовремено  работиме и  со нивните родители за важноста на предучилишното образование, подвлекла министерката.

Заменик амбасадорот Јохансен и Сакахјан изразиле задоволство од досегашната соработка со Министерството за труд и социјална политика. Еден од нив е и градинката „8 Април“ и Дневниот центар за деца од улица, за кои Кралството Норвешка учествуваше во изградбата, а за имплементанцијата беше задолжена УНДП – Програмата за развој на Обединетите нации во партнерство со Министерството за труд и социјална политика и  Општина Шуто Оризари. 

извор: МИА
Next Post

Бачовски: На располагање нови средства за поддршка на рибарството и аквакултурата

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk