Пред средбата со лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, премиерот Заев одговарајќи на прашањето од БГНЕС – дали се подготвени за сериозни преговори и какви гаранции ќе даде Северна Македонија кон Бугарија, рече дека треба секогаш да се разговара и да се бараат решенија.
Заев и Борисов од Софија: Нашите народи се многу блиски и упатени на соработка, нема да дозволиме да се развива омраза меѓу младите.
Европската перспектива на Северна Македонија и Албанија не е предмет на спор и Бугарија секогаш ги поддржува, вели бугарскиот премиер Стефан Јанев во интревју за МИА, посочувајќи дека позицијата на Софија во однос на европската интеграција на земјава е јасна и таа е потврдена од бугарскиот Парламент од есента 2019 година.
Три години Преспански договор, дипломатско достигнување заверено со членство во НАТО, македонскиот идентитет, јазик и култура се потврдени и признаени од целиот свет.
Во Кривичниот суд Скопје денеска е предвидено да се објави пресуда за случајот „Тортура”. Како прво обвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и шест припадници на полициската единицата „Алфи”.
Министерот за правда Бојан Маричиќ на првиот ден на работната посета на Загреб ја посети хрватската Академија за обука на судии и јавни обвинители.
Со успешното завршување на Главната планирачка конференција за 19-тата НАТО вежба „Република Северна Македонија 2021“, Македонија на есен ќе ја има таа чест да биде домаќин на вежбата, а Центарот за управување со кризи (ЦУК) организатор во партнерство со Евроатланскиот координативен центар за одговор на катастрофи (ЕАДРЦЦ).
Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на Самитот на претседатели на држави и влади на членките на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа, што ќе се одржи во Анталија.
Според анкетата од ИРИ, СДСМ во Скопје има поголема доверба отколку ВМРО-ДПМНЕ и Левица заедно
Дигиталниот Ковид сертификат е мерка за заштита на јавното здравје, не го поставуваме како привилегија на вакцинираните или казна, истакна грчкиот министер за здравство, Василис Кикиљас, за време на Самитот на ЕУ во Луксембург.
На возрасна личност дневно ѝ требаат 15 – 20 минути сончање без сенка, најмногу, а треба да се почне со пет минути на ден, за посилно здравје, вели Андреј Тјажелников, одговорен специјалист за примарна здравствена заштита за возрасни при Московското министерство за здравство.
Долгогодишниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос, заминува од клубот по 16 години минати во шпанскиот фудбалски гигант.
Ј. Ѓ.