ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев – Радев: Имаме обврска да го градиме пријателството меѓу нашите братски народи

June 17, 2021 16:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Јасната европска перспектива на Северна Македонија е од големо значење за Бугарија и нејзиното конкретно остварување е во прилог на заедничката иднина на двете земји во ЕУ.

Ова, како што соопшти владината прес-служба, било истакнато на средбата на премиерот Зоран Заев со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија. На средбата присустуваа и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
На средбата беше истакнато дека посетата на делегацијата на Владата на Северна Македонија на Бугарија на највисоко ниво, е од исклучителна важност и доаѓа во момент кога силната динамика на контактите и дијалогот е од огромна важност за односите меѓу двете земји.

Премиерот Заев на средбата истакна дека градењето на пријателството меѓу братските народи на двете земји е обврска на лидерите кои пред себе треба да ја имаат перспективата на младите.

Самата денешна посета на владината делегација на Северна Македонија во Софија може да се смета како значаен исчекор кој ќе ги поттикне идните чекори за решенија за отворените прашања на кои двете страни ќе посветат сериозно внимание, се наведува во соопштението.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Кабиентот на Радев информира дека во фокусот на разговорите на средбата било продлабочувањето на билатералниот дијалог и изгледите за реален напредок во процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија.

Радев истакнал дека за Бугарија, Република Северна Македонија е најважната блиска пријателска земја.

– Затоа ни требаат редовни контакти, дијалог и соработка. За жал, во последниве години овие односи стигнаа до ќорсокак, дијалогот е замрзнат и тоа влијаеше на вашите изгледи за влез во ЕУ, нагласил Радев.

Според него, Договорот за соработка во 2017 година нема специфични обврзувачки услови и рокови, а тоа овозможило „варијабилни одлуки и активности“.

Румен Радев на средбата упатил и благодарост на претседателот Стево Пендаровски за заедничката посета на Рим.

– Нашата заедничка посета на Рим ја демонстрира нашата заедничка волја и претставува сигнал до сите наши граѓани за соработка, пријателство и разбирање, потенцира Радев.

Според Радев, властите во Софија и во Скопје се должни да им обезбедат заедничка европска иднина на своите народи.

– За нас е многу важно да имаме дијалог и ви честитам на фактот што сте тука за отворен, конструктивен дијалог, додаде Радев, најавувајќи дека Бугарија ќе донира 50.000 вакцини за Северна Македонија. нк/нд/

Next Post

Османи од состанокот на ПСЈИЕ вo Анталија: Преку регионалната соработка ги надминуваме разликите што го оптоваруваат регионот

НАЈНОВО

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

August 31, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

August 31, 2025

Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

August 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk