ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Општина Тетово не се откажува од „коцките на Тито“ долж улицата „Борис Кидрич“

June 19, 2021 18:31
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Еден од најфрекфрентните тротоари во Тетово долж улицата “Борис Кидрич# откако е изграден пред околу половина век, оставен е на забот на времето. Целосно е руиниран, дел од поставените коцки ги нема, дел искршени, пред неколку децении некаде закрпен, но никогаш целосно обновен.

“Не знам дали во оваа нашата држава има некаде ваков тротоар. Тука не можеш нормално да се движиш, ниту сам, па не дај боже со количка со деца. Некогаш сме принудени да одиме по улицата поради лошата инфраструктура на тротоарот. Кога врне е најлошо, тогаш под коцките има вода, па при секој чекор водата прска на сите страни, катастрофа. Ова мора веднаш да се санира, навистина не знам зошто овој тротоар на општината не и е приоритет“, истакна една жителка на Тетово.

Се работи за тротоар по кој тетовци мора да поминат да стигнат до автобуската како и железничката станица, покрај тротоарот има основно училиште, луна паркот кој е особено посетен за време на летниот период и единствениот парк во градот, а исто така оваа делница води и до двата главни булевари „Благоја Тоска“ и „Индустриска“. Но, досега локалната власт нема започнато никакви активности за реконструкција на тротоарот. Самата улица „Борис Кидрич“, исто така, е во лоша руинирана состојба преполна со дупки.

Оттаму само накусо ни одговорија дека во план е реконструкција на оваа улица, но кога ќе се реализира планот не одговорија.

Локалната власт деновиве се пофали со започнување на градежни активности за пробивање на булеварот „Благоја Тоска“ и реконструкција на улицата „Гоце Делчев“, но најруинирана улица и тротоар не ги ни спомна.

„Преку проектот за локален карактер кој го објави владата Општина Тетово ќе добие 42 милиони денари за пробивање на булеварот Благоја Тоска од мостот кај Клиничката болница Тетово се до средното текстилно училиште „Моша Пијаде“ Тетово. Се очекува да се започне со уривање на објектите долж булеварот „Благоја Тоска“ чија експропријација со сопствениците е целосно завршена, а истите се обештетени во вкупна сума од 500 000 евра.Во моментов се работи на улицата Ѓоце Стојчевски и на улицата 29 Ноември, така да веднаш кога ќе завршат работите на овие две улици фирмата се префрлува на улицата Гоце Делчев за што имаме грант од Светска Банка. Се работи за реконструкција во должина од 750 метри“, рече Снежана Новаковска портпарол на Општина Тетово.

Коловозот „Борис Кидрич“ и тротоарот како да се заборавени од властите. Освен што се руинирани, таму и ретко се одржува хигиена, а според фотографии и видеото тука одамна не поминале тетовските комуналци, особено на тротарот каде има наталожено разновиден смет.  

Зоран Димовски

Next Post

Затвореник од Старо Нагоричане пронајден мртов во затворот „Кшање“

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk