ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Емисиите на стакленички гасови во земјава растат кај транспортот и отпадот, опаѓаат во енергетската индустрија

June 20, 2021 19:48
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

С. Македонија низ годините успева постепено да ги намали емисиите на стакленички гасови во атмосферата, но остануваат загрижувачки неколку сектори кои можат да имаат натамошно негативно влијание врз климатските промени: палењето на шумите, транспортот и отпадот. Податоците од „Третиот двогодишен извештај за климатски промени“ изготвен лани од Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека емисиите на штетните гасови кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина постепено се намалуваат од 12.478 гигаграми на јаглерод диоксид еквиваленти (Gg. CO2-eq) во 1990 година на 10.110,8 Gg. CO2-eq во 2016 година, како период за кој последен пат се сумирани податоците.

 

Во изработениот документ се нагласува дека нето емисиите на стакленички гасови биле убедливо највисоки во 2000 година, за што најмногу придонеле штетните гасови што биле испуштени во секторот – Шумарство и други употреби на земјиштето. Причина за ова е што таа година имало натпросечен број на пожари и опожарени шумски површини, кои биле главниот причинител за овој сектор да врши емисија. Вообичаено, шумите се главен апсорбирач на стакленичките гасови, односно го ублажуваат придонесот во зголемувањето на просечните температури на воздухот.

Покрај тоа што статистичките податоци покажуваат дека значајно е да се превенира уништувањето на шумите и особено нивното опожарување, евидентно е дека енергетиката како најголем причинител на емисиите на стакленички гасови во С.Македонија низ годините го намалува својот удел. Во 1990 година, енергетиката продуцирала 9.648,9 Gg. CO2-eq, додека во 2016 година емисиите на стакленички гасови опаднале на 7.449,3 Gg. CO2-eq.

Но, ако се погледнат подетално податоците во секторот – Енергетика, се забележува дека транспортот драстично го зголемува својот процентуален удел во производството на штетните гасови мерени во јаглерод диоксид еквиваленти во периодот од 1990 до 2016 година. Во периодот пред распадот на Југославија, транспортот имал удел од 8,2 отсто, за во 2016 година неговиот процентуален удел да се зголеми на дури 28,1 отсто.

Наспроти ова, енергетските индустрии во секторот – Енергетика постепено ги намалуваат емисиите на јаглерод диоксид низ годините, иако С.Македонија и понатаму е енергетски зависна од производството на струја од јагленот. Имено, податоците од студијата покажуваат дека енергетските индустрии во 1990 година продуцирале 64,3 отсто од вкупните емисии на стакленички гасови, додека во 2016 година овој процент се намалил на 51 отсто.

Низ годините може да се забележи дека емисиите на стакленички гасови во земјава растат во секторот – Отпад. Иако отпадот не е главниот причинител на ефектот на стаклена градина во меѓународни рамки, сепак неуспешноста во управувањето со отпадот во С.Македонија доведува до тоа низ годините да растат емисиите на стакленички гасови токму во овој сектор.

Инаку, стакленичките гасови е докажано дека се причинител за зголемување на ефектот на стаклена градина, која влијае на загревањето на Земјината топка. С.Македонија го ратификуваше Парискиот договор за климатски промени што беше потпишан пред 5 години, а со тоа ја презеде и обврската да ги намали емисиите на стакленички гасови во наредниот период, односно да ја примени Рамковната конвенција за климатски промени на ООН која што обврзува да се одржи зголемувањето на глобалната просечна температура под 2 целзиусови степени над прединдустриските нивоа.

„Мета.мк“ изминатиов период опширно известува за климатските промени во земјава. Притоа, укажавме дека изминатава деценија се бележат рекордни отстапувања на просечните температури на воздухот во С.Македонија. Најзагрижувачкиот пораст на емисии на стакленички гасови во транспортот е резултат на константното зголемување на патниот сообраќај во комбинација со авиосообраќајот, наспроти намаленото користење на железничкиот транспорт и велосипедите, кои се докажано најмали причинители на емисиите на штетни гасови во атмосферата.

извор: МЕТА.мк

Next Post

Пандев објави крај на репрезентативната кариера

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk