Отворање на граничните премини Ники (Меџитлија) кон Северна Македонија и Кристалопиги кон Албанија, на 1 јули, најави, преку Фејсбук, градоначалникот на општина Преспа Панајотис Пасхалидис. Важна вест: Веродостојни информации дека од 1 јули одново и регуларно ќе почнат да работат граничните премини Кристалопиги и Ники, напиша Пасхалидис.
Талат Џафери, во својство на шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа од денеска до 23 јуни ќе учествува на Осмата пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ во Анталија, во организација на турското претседавање со Процесот 2020-2021. Во составот на Делегација се и пратениците Павле Трајанов и Хусни Исмаили.
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи седницата на Комисијата за финансирање и Буџет. Членовите на оваа комисија треба да го разгледаат и Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта, исто така, по скратена постапка, во второ читање.
УХМР најавува дека околу пладне и попладне ќе има локална појава на нестабилност проследена со невреме, интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Од утре и во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината.
М. Миткоска