ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска за 360 степени: Истражни органи треба да утврдат како се правеле набавките на учебници

June 22, 2021 09:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска во разговор за „360 степени“, вели дека истражни органи ќе треба да утврдат на кој начин од 2014 наваму се правеле набавките на учебниците со кои се давало екслузивитет на одредени издавачи.

„Оваа година многу транспарентно се обидовме да ги собереме сите потребни податоци на кој начин од 2014 до денес се откупувале учебниците и каков квалитет на учебници имаме. Ова го направивме во насока на транспарентно добивање информации потребни за МОН и за граѓаните, а компаниите кои се јавија на јавна набавка се најдоа затечени. Не сакаа да ги дадат податоците коишто ги баравме, затоа формиравме Комисија којашто министерот има право да ја формира за да се добијат потребните податоци. Од 2014 ги отворивме сите записници, сите одобренија за употреба на учебници, како се воделе постапките. Комисијата има детални записници, наоди и заклучоци и препорачува бидејќи ние не сме истражен орган, тие записници да се предадат на надлежните истражни органи и да се види како е дојдено до тие одобренија за употреба на учебници“, рече Царовска.

Министерката истакна дека Комисијата утврди дека во определен број записници за одобренија за учебниците се гледа дека едни учебници имаат повисоки поени од други учебници, а предлогот за одобрение се дава на оние со пониски поени, нешто што треба да го истражат надлежните органи.

Царовска појасни дека Кембриџ учебници не се Кембриџ учебници, туку адаптиран учебник по програма Кембриџ.

„Тие учебници се адаптирани по програма Кембриџ и тоа го покажува првото одобрение (ендорсмент за Кембриџ) кој што го имале, но во постапката го немале, го обезбедиле дополнително. Дали биле усогласени или не оставаме да утврдат надлежните органи. Затоа што некои учебници се делумно усогласени, а некои се целосно усогласени со Кембриџ програмата и тука се тие бодувања од 11 до 15 поени итн… И се гледа дека се избрани учебници кои се делумно, а не целосно усогласени. Сметам дека надлежните треба да го испитаат тој дел од првите одобренија за употреба на учебници, затоа што продолжението на употреба на учебници се гледа дека е на барање на наставниот кадар затоа што имало технички грешки кои биле утврдрни во учебниците“, вели Царовска.

Исто така, вели Царовска препорака на Комисијата е да се оди со ново законско решение, или да се допрецизира постојното законско решение каде ќе се утврдат повеќе аргументи за квалитетот на учебници кои задолжително ќе се бараат на оние коишто ги продаваат, односно од оние од коишто ги откупуваме учебниците.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Д-р Пановски: Наесен можно ширење на индискиот сој, особено меѓу младите, невакцинираните и некомплетно вакцинираните

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk