ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Поддршката од Кина и кинескиот народ е од огромна важност за здравствениот систем

June 22, 2021 12:05
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатиов период во интензивна комуникација помеѓу министерот за здравство д-р Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина Џанг Ѕуо се реализираа значајни договори кои придонесоа за значително зајакнување на здравствениот систем. Народна Република Кина е партнер со чиишто вакцини ќе се придонесе до постигнување на поголем опсег на вакцинација на населението во државата, а со тоа и значајна поддршка при стекнување на колективен имунитет. Во месец мај годинава пристигнаа 100.000 вакцини од производителот Синофарм, со што започна процесот на масовна вакцинација. Во периодот што следува очекуваме да пристигне и значајната количина на вакцини Синовак.

-Сакам да изразам благодарност за поддршката од Кинеската Амбасада и амбасадорот Џанг Ѕуо за неговите заложби во целокупниот изминат период. Поддршката од Народна Република Кина е од огромна важност за здравствениот систем. Во текот на месец март и април оваа година Кинеската Амбасада донираше на Министерството за здравство на Република Северна Македонија медицинска опрема за третман на пациенти заболени од Ковид-19 вирусот во износ од 38.500 Евра. Оваа опрема беше соодветно распределена низ ковид центрите каде што беше најпотребна за третман на заболените пациенти. Дополнително, во текот на февруари 2021 година Црвениот Крст на Кина донираше на Министерството за здравство финансиски средства во износ од 100.000,00 долари за набавка на лекот фавипиравир. Во текот на изминатата година Кинеската Амбасада донираше на Министерството за здравство финансиски средства во износ од 30.000 Евра и лична заштитна опрема како заштитни хируршки маски, Н95 маски, скафандери, каљачи, ковид тестови итн. – потенцираше министерот Филипче во денешната изјава за медиуми.

Со ова се потврдува партнерството и близината помеѓу двете земји, двата народи, а соработката продолжува и во периодот што следува.

-И покрај ограничениот производствен капацитет и огромната побарувачка дома, Кина ја испочитува својата обврска со обезбедување вакцини за Северна Македонија. Кина е подготвена да ја продолжи соработката со Северна Македонија, како и со другите земји за да ги надминеме заедно лошите времиња. Ние цврсто се спротивставуваме на обидите да се користи пандемијата за да се продолжи со стигматизација и политичка манипулација. Треба да се вложат напори за заштита на животот и здравјето на луѓето, како и за обезбедување на нивните основни права и нормален живот. Со заеднички напори од владата на Северна Македонија, Министерството за здравство, медицинскиот персонал, особено јавноста, бројот на нови случаи значително се намали. Процесот на вакцинација е извршен на уреден начин. Кина е подготвена да продолжи да го поддржува народот на Северна Македонија во борбата против пандемијата за рана победа. – изјави денеска амбасадорот на Народна Република Кина Џанг Ѕуо.

Next Post

Оштетените штедачи од Еуростандард банка бараат Владата да го усвои измените и дополнувањата на Законот за банки поднесени од нивна страна

НАЈНОВО

Албанија се опремува со напредно израелско оружје

November 16, 2025

Во потрага по техносигнатури – мистериозните сигнали што го разбудија човештвото

November 16, 2025

СДСМ: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?

November 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска сè поблиску до Оскар по двојната номинација на Cinema Eye Honors

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk