ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Оштетените штедачи од Еуростандард банка бараат Владата да го усвои измените и дополнувањата на Законот за банки поднесени од нивна страна

June 22, 2021 12:09
in Uncategorized, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на оштетени штедачи “Правда за штедачи” предлага Владата да го усвои предлогот за измени и дополнувања на Законот за банки доставен од нивна страна до Владата и Министерството за финансии како решение кое, според нив целосно го решава проблемот со оштетените од Еуростандард банка.

На прес-конференција денеска потсетија дека до Владата имаат поднесено сопствен предлог за донесување на измени на Законот за банки со кои Фондот ќе се дефинира како доверител во стечајна постапка за банка (бидејќи после  укинување на членот 163 став 3 од Закон за банки Фондот не е доверител во понатамошниот тек на стечајната постапка), при што, за веќе започнатите стечајни постапки Фондот за осигурување на депозити да биде дефиниран со редослед на наплата по депонентите–физички и правни лица.

Законските измени за идни случаи на банки во стечај, кои, можеби подразбираат измена и на други закони, Здружението, како што наведоа, остава Владата да ги предложи, секако, водејќи се, пред се, од интересот  на граѓаните.

На прес-конференција истакнаа дека по укинување на член 163 од Законот за банки од страна на Уставниот суд, Фондот за осигурување депозити не може да продолжи да учествува како доверител во понатамошната стечајна постапка од причина што  во Законот за Фонд за осигурување на депозити ниту во Законот за банки, тоа право Фондот го нема, осигурителот да стане доверител, а осигуреникот да стане должник, поточно тоа право Фондот го губи со укинување на одредбата 163 став 3 од Закон за банки. 

 – Бидејќи има различни толкувања околу оваа прашање на статусот на Фондот во стечајната постапка по укинување на Членот 163 став 3 од Законот за банки, ќе се обидеме преку изнесување на нашето правно стојалиште, да објасниме дека Фондот за осигурување на депозити не само што го загуби приоритетот во наплата на побарувањето  во стечајната постапка на Еуростандард банка, туку го загуби и статусот на доверител (активната легитимација во таа постапка), посочија денеска на прес-конфернеција од Здружението на оштетени штедачи. 

Наведоа дека во Законот за Фондот за осигурување на депозити точно се предвидени правата и обврските на осигурителот (Фондот) и осигуреникот ( банките), овој закон не содржи одредби во врска со стечај на банка и статусот на депонентите и Фондот во стечајната постапка. Затоа, додаваат, во Законот за банки постои засебен дел во кој овие прашања се уредени и затоа, заедно со Законот за стечај, Законот зa банки се применува при стечај на банка. Таков случај е и со стечајната постапка за Еуростандард банка. Имено, согласно членот 163 став 3 од Законот за банки, Фондот за осигурување на депозити го доби својството на доверител (активна легитимација) во стечајната постапка на Еуростандард банка, што може да се утврди не само од законот туку и од стечајната пријава на Фондот за осигурување на депозити, каде е наведен токму овој член.

Според нив, во услови кога е укинат член 163 став 3 од Законот за банки, се поставува прашање врз основа на кој закон Фондот треба да го задржи статусот на доверител во стечајната постапка за Еуростандард банка. Некои, велат оштетените штедачи, од теоретичарите, во ваква ситуација, се повикуваат на Законот за облигациони односи (ЗОО) и на суброгацијата како институт. Според Закон за облигации односи постојат 2 вида на суброгации, договорна суброгација (член 288)  и законска суброгација (член 289).

За Здружението на оштетени штедачи “Правда за штедачи” нема долема- стечајнат апостапка за Еуростандард банка не може да продолжи со Фондот за осигурување како доверител. Очекуваат по ова прашање да се произнесат органите што ја водат стечајната постапка и што се грижат за нејзината законитост, и да ја имплементираат  Одлуката на Уставниот суд што е донесена на 25 мај 2021 година и влезена во сила на 08 јуни 2021 година.

Здружението уште еднаш јавно соопшти дека не се согласува за веќе започнатите постапки, Фондот за осигурување на депозити да биде дефиниран во ист ред на намирување, бидејќи во овој момент Фондот не е ниту доверител во стечајните постапки за банка (по укинување на член 163 став 3 од Законот за банки), додека новите законски измени можат да важат ретроактивно  само доколку се поповолни за граѓаните (член 52 од Уставот на РСМ). 

Во однос на правните лица, решението со кое Фондот би бил во ист ред на намирување со другите доверители (меѓу кои се и депонентите-правни лица), повторно, спорд нив,  би имало проблем со уставноста бидејќи согласно важечкиот Закон за Фондот за осигурување на депозити, Фондот врши обештетување само на депоненти-физички лица до 30.000,00 евра, но не и на правни лица, со што правните лица повторно би биле ставени во позиција на нееднаквост и дискриминација.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Досега вакцинирани над 278 илјади граѓани во земјава

НАЈНОВО

Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

September 16, 2025

Началникот на ГШ на Армијата Лафчиски на конференција на САД-Јадранската повелба (А-5) во Тирана

September 16, 2025
Фото: ДЗС

ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk