ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Генерал Волтерс: Придонесот на Северна Македонија во НАТО од витално значење за мирот и стабилноста на Западен Балкан и Европа

June 23, 2021 14:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Приемот на Северна Македонија во НАТО минатата година претставува вистински регионален успех. Вашиот воен придонес кон Сојузничката команда за операции имаат витално значење за мирот и стабилноста на Западен Балкан и безбедноста на Европа, истакна командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за Европа, генерал Тод Волтерс на денешната средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Генерал Волтерс, кој е еден од двајцата стратешки команданти за НАТО кој командува со операциите на сојузничката команда (ACO) и е командант на силите на САД за Европа, беше пречекан пред Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата со високи воени почести од страна на началникот на ГШ, генерал Васко Ѓурчиновски.

На средбата со Шекеринска се дискутираше за значењето на стратешкото поврзување на НАТО и ЕУ како процес во кој Северна Македонија како европска членка на НАТО може да придонесе, особено кога се има предвид успешното зајакнувањето на односите во одбраната со европските сојузници во последната година. Стана збор и за важноста на развојот на „Криволак“ како национален и НАТО капацитет и успехот на најголемата НАТО вежба „Defender Europe 21“ чиј составен дел беше вежбата „Одлучен удар 21“ на „Криволак“, соопшти Министерството за одбрана.

Посакувајќи му добредојде и благодарност за укажаната чест, стои во соопштението, министерката Шекеринска на средбата рече дека Северна Македонија како најнова членка на НАТО е фокусирана на обврските кои произлегуваат од членството, посветена на вредностите и принципите на Алијансата и активно придонесува во регионалната безбедност и зацврстување на единството во НАТО, соопшти Министерството за одбрана.

-Од земја која три децении посакуваше да стане членка на НАТО, сега сме дел од Алијансата со активен придонес во регионалната безбедност. Со стабилното зголемување на одбранбениот буџет, вложуваме во модернизација и зголемување на капацитетите на Армијата со особено внимание на транспарентноста на процесот. Северна Македонија ќе продолжи да дава свој придонес во мисиите и операциите на Алијансата, особено во силите КФОР во Косово и во мисијата во Ирак каде во тек се подготовките за упатување на контингент од Министерството и Армијата. Континуираниот долгогодишен придонес во силите ИСАФ, а потоа и во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, која согласно одлуката на НАТО е во фаза на завршување, е доказ за активната улога на Армијата на Северна Македонија во операциите на Алијансата, рече министерката.

Од МО информираат дека учеството на припадниците на Армијата на Северна Македонија во НАТО мисиите во последната година, но и долги години пред членството во НАТО е оценето како извонреден придонес во Алијансата со највисоки резултати.

-За време на средбата помеѓу генералите Ѓурчиновски и Волтерс се разговараше за тековните процеси кои се одвиваат во Армијата на Република Северна Македонија со цел потполна интеграција во НАТО, како што се  процесот на трансформација на командите и единиците на Армијата и нивото на постигнатите цели и способности, како и за заедничките активности во кои учествуваат припадниците на Армијата на меѓународните вежби и мировните операции предводени од НАТО, информира МО.

Како дел од програмата за посетата, во касарната „Илинден“ пред високиот гостин беа изведени показни вежби од страна на припадниците на Армијата. Неколку единици ја демонстрираа обученоста во одредени активности со примена на стандардите и процедурите во операциите на НАТО.

извор: МИА

Next Post

Филипче: Учениците можат да се вратат во училиштата, протоколите за новата учебна година се речиси готови

Shortcut

Најново

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk