ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Партиите блиску до договор за измени на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР

June 23, 2021 08:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Работната група за подготовка на измените на Изборниот законик формирана од Министерството за правда е блиску до договор во однос на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, информираат за МИА од Министерството за правда, посочувајќи дека преостанува уште малку време за усогласување на ставовите бидејќи предлогот треба да биде доставен до Собранието. Во однос на изборниот модел, главниот предизвик, како што посочуваат, е утврдување на начинот на избор на градоначалниците, односно дали тие ќе се избираат во прв или во втор круг. Сепак, според информации од политичките партии, за негово менување веројатно ќе се разговара во иднина.-Пред повеќе месеци, Министерството за правда формираше работна група за подготвка на измените на Изборниот закон, со цел исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, но и за да се отвори дискусија околу политички прашања и промената на изборниот модел. Во однос на првата цел, исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, работната група е блиску до договор. Станува збор за исполнување на голем дел од препораките содржани во Конечниот извештај на ОДИХР за предвремените парламентарни избори во 2020 година, но истите се уште во работна верзија и ќе бидат објавени по нивното усогласување, наведуваат за МИА од Министерството.

Во однос на постигнувањето консензус околу политичките прашања и промената на изборниот модел, како што посочуваат, најголемиот дел од учесниците во работната група го поддржуваат ставот дека членовите на општинските совети треба да се избираат на отворени листи. -Сепак, главниот предизвик е утврдувањето на начинот на изборот на градоначалниците, односно дали истите ќе се избираат во прв или втор круг, наведуваат оттаму. Поголем дел од последните измени на Изборниот законик, беа усогласување со препораките на ОБСЕ/ОДИХР во делот на Водење на Избирачкиот список,  Кандидирање, Изборна кампања – финансирање на изборна кампања, Заштита на избирачко право. Од Министерството за правда посочуваат дека имајќи ги предвид препораките на меѓународните тела за промената на изборните правила, кои мора да бидат донесени со консензус, Министерството за правда е на став дека преостанува уште многу малку време за усогласување на ставовите, а дека измените на Изборниот законик треба да бидат испратени што е можно поскоро во Собранието, имајќи ја предвид и тамошната агенда и обем на работа.

Во Собранието на Република Северна Македонија во изминатите месеци пратеници од помалите партии поддржани од СДСМ, доставија два предлози за измени на Изборниот законик, првиот за земјата да биде една изборна единица, а вториот за отворени листи и застапеноста на мажите и жените на листите да биде рамноправна односно 50:50. И двата се ставени во собраниска процедура, но за нив не е отворена дебата во собраниските комисии, ниту пак на пленарна седница. Локалните избори во Северна Македонија се најавени за втората половина на октомври. Партиите веќе започнаа со неформални кампањи по олабавување на мерките за превенција од ширење на Ковид-19./МИА/.

Next Post

Продолжува блокадата од Софија, Скопје сè уште гледа можност во самитот на лидерите на ЕУ

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk